10 популарни Монтесори игри кои може да ги направите сами

Наместо да му понудите на детето десетици игри кои свират од сите страни и брзо му здосадуваат, направете неколку игри сами од работи што ги имате дома со кои ќе му ја разбудите креативноста и ќе му овозможите да истражува и да ги развива моторичките способности. 

10-popularni-montesori-igri-koi-mozhe-da-gi-napravite-sami-01.jpg

Во продавниците за играчки и на онлајн страните може да се најдат огромен број на дрвени Монтесори играчки кои поттикнуваат развој, креативност и самостојност при играта на детето.

Но, тоа не значи дека мора да ги купите сите, ниту пак е причина да се откажете од креативните игри.

Можете со работи што ги имате дома да направите еден тон варијации и да направите сами игри кои ќе го поттикнат детскиот развој, прецизност, координација око-рака, трпение и истовремено ќе им го разбудат интересот за повеќепати да се вратат на нив.

Во продолжение ви нудиме неколку различни типови на игри кои можете да ги направите дома, а вие одберете кои се најсоодветни за вашето дете зависно возраста, способностите и безбедноста.  

НАПОМЕНА: Посебно бидете внимателни доколку вашето дете е помало од 3 години, а играта содржи мали предмети кои може да бидат опасност од гушење. Заменете ги предметите со поголеми или прескокнете ја целосно играта доколку е несоодветна за способностите на детето на таа возраст. 

10 игри инспирирани од Монтесори методот, кои можете да ги направите сами дома:

Сортирање по бои

Направете барем 5 сета од различни предмети во секоја боја.

На пример наредете пластични чашки во различни бои и понудете му на детето дрвени или масни боички во истите бои, кои ќе треба да ги става во чашките соодветно според истата боја.

Истото можете да го правите со секаков тип на предмети во исти бои, не мора да бидат чашки и боички.

Гледајте да има повеќе бои и предмети, со цел подобро да ја усовршат вештината на сортирање.

10-popularni-montesori-igri-koi-mozhe-da-gi-napravite-sami-02.jpg

Основна игра на ставање предмети во нешто

Потребен ви е сад со отвор, како тегла и предмет од домот кој може да помине низ тој отвор, како на пример топче, дрвено јајце и сл.

Детето ќе треба да го става предметот внатре во садот и да го вади.

Доколку е поголемо, може да му дадете да го фати со некоја лопатка предметот и така да го стави во теглата или чашка. 

10-popularni-montesori-igri-koi-mozhe-da-gi-napravite-sami-03.jpg

Игра со полнење поштенско сандаче

Оваа игра е слична како претходната, но малку потешка.

Земете каква било кутија и на горниот дел направете тенок и долгнавест отвор.

Од картон исечете мали парчиња во вид на дискови кои ќе можат да поминуваат низ отворот.

Детето ќе треба да ја полни кутијата која наликува на поштенско сандаче и потоа да го отвори капакот и да ја собере поштата.

10-popularni-montesori-igri-koi-mozhe-da-gi-napravite-sami-044.jpg

Извлекување ленти

За да не мора да влечат влажни марамици од секое пакување, направете им слична игра со извлекување.

Земете некоја празна лименка од инстант кафе или од Pringles чипс (или слична амбалажа) и направете дупчиња на меките делови.

Во дупките протнете украсни ленти или ткаенини што ги имате дома и направете јазол на краевите за да не може целосно да излезат.

10-popularni-montesori-igri-koi-mozhe-da-gi-napravite-sami-05.jpg

Учење прецизност со ставање цевки во дупчиња

Направете соодветна големина на дупчиња во картонот од тоалетна хартија и дајте му на детето да ги протнува цевките за пиење низ нив.

10-popularni-montesori-igri-koi-mozhe-da-gi-napravite-sami-06.jpg

Уште 5 игри на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Игра за креативен развој на децата: Како да им направите сенки со рацете? Како да направите зајак? Или куче? Со овие туторијали лесно ќе научите како да н...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Тест за бременост – 10 работи што треба да ги знаете пред сами да се тестирате Зошто не треба да пиете премногу течности пред да направите тест на бременост? З...
Како да го направите домот побезбедно место, ако живеете со стари луѓе? Кога почнувате да го уредувате домот, најважната работа најчесто ви е визуелниот...
Како да му помогнете на вашето дете да се справи со одбивањето од врсниците? Најпрво пробајте да го смирите, па понудете му алтернатива, а на крај дозволете ...
Совети за родители: Како да разговарате со ќерка ви за (првата) менструација? Едуцирајте ја за менструацијата и промените кои доаѓаат со неа и научете ја како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg