„Се породив во Шведска, немав свој доктор, ме прегледуваа бабици. Маж ми зема породилно отсуство“
„Во Шведска немаш „свој“ доктор за време на бременоста. Сите прегледи се со бабици, а кога ќе започне породувањето – те породува бабицата што е на смена. Понекогаш може да се сменат и повеќе ако смената им заврши. Доктор се вклучува само ако има компликации“, раскажува Американка која живее во Стокхолм.

Жена од САД, по име Марен, се реализираше во улогата на мајка во Шведска, а за својот живот во Стокхолм, таа споделува детали на Инстаграм профилот „Happy Swedish Life“.


Сега, таа откри колку таму е поинаков пристапот кон породувањето и родителството во споредба со САД, а ние би рекле и во споредба со Македонија.
Таа споделува како изгледа да станеш мајка во Шведска:
„Да станеш мајка во Шведска ме изненади на многу начини.
Како Американка, многу од нормите околу бременоста, породувањето и родителството ми беа сосема поинакви од она на што бев навикната.

Еве неколку работи што ми оставија најголем впечаток:
„Немаш „свој“ доктор за време на бременоста. Сите прегледи се со бабици, а кога ќе започне породувањето – те породува бабицата што е на смена.
Понекогаш може да се сменат и повеќе ако смената им заврши. Доктор се вклучува само ако има компликации.

Гас за смеење често се користи при породување. Самата ја држиш маската и го вдишуваш за време на контракциите.
Никогаш претходно немав слушнато за ова, а сега не можам да замислам поинаку да се породам!

По породувањето, медицински сестри доаѓаат дома за да те проверат тебе и бебето – по 1 месец и по 6 месеци.
Многу поопуштено е отколку да излегуваш со новороденче.

Татковците нормално користат родителско отсуство. Родителите делат 480 дена платено отсуство, а многу татковци земаат и по неколку месеци.
Мојот сопруг зеде 8 месеци, додека јас се вратив на работа.

