„Привилегиите на татковците“ за кои луѓето не се свесни, според мајки

„Без разлика што ќе направи тој, му велат дека е одличен, прекрасен татко. Кога јас ги правам истите работи, тогаш сум најобична мајка“.

privilegiite-na-tatkovcite-za-koi-lugjeto-ne-se-svesni-spored-majki-01.jpg

Иако работите се менуваат, факт е дека кога се во прашање деца, па и домашни обврски, неретко целиот товар паѓа на жените.

Уште постои верувањето дека само жената е таа што треба да заврши поголем дел од работите поврзани со децата и домот, па мажите не ни пробуваат да понудат помош.

И, сето ова, без разлика што и мнозинството жени денес имаат работа со полно работно време.

Со други зборови, татковците сепак имаат некои привилегии за кои самите можеби и не се свесни.

На Редит, неколку мајки споделуваат дел од привилегиите што ги забележале кај нивните партнери:

„Една инфлуенсерка сподели нешто што ме замисли. Рече дека мајките работат цел ден, но на крај немаат резултат што можат да го покажат. Она што го работат е невидливо.

Ги исчистиле домот четирипати денес, но сега пак е валкан. Вчера цел ден переле облека, но корпата за валкана облека е повторно полна.

Ги избањале децата, но по две минути надвор повторно се валкани. Им направиле ручек на децата, но сега е изеден. Но, работата на мажите повеќе ги исполнува бидејќи имаат видливи резултати.

На пример, можеби поправиле нешто во бањата и сега можат гордо да го покажат тоа. Не сакам да генерализирам, но мислам дека ова добро покажува зошто некогаш мајките се чувствуваат лошо. Работат по цел ден, а немаат видлив резултат“.

privilegiite-na-tatkovcite-za-koi-lugjeto-ne-se-svesni-spored-majki-06.JPG

„Татковците секогаш добиваат комплименти ако излезат со нивните деца“.

„Без разлика што ќе направи тој, му велат дека е одличен, прекрасен татко. Кога јас ги правам истите работи, тогаш сум најобична мајка“.

„Можат да се разболат (и да одмараат). Откако добивме дете, јас се грижам за сите кога ќе се разболат. Кога јас ќе се разболам, повторно јас се грижам за сите“.

privilegiite-na-tatkovcite-za-koi-lugjeto-ne-se-svesni-spored-majki-07.JPG

„Сопругот може да закажува состаноци, прегледи, излегувања и што било без да мисли на децата. Јас, од друга страна, треба секогаш да мислам и на распоредот на децата. Ако нешто се промени, секогаш јас ги откажувам моите планови“.

„Не мора да знаат сè за децата. Не мора да помнат медицинска историја, родендени, училишни распореди, закажани прегледи, каде им стои облеката, дали јаделе, кој број чевли носат.

Не мора да знаат ништо од ова оти целиот товар паѓа на мајката“.

„Секојпат кога ќе го оставиме нашето четири годишно дете со него, бабите веднаш трчаат да му помогнат. Кога јас сум сама со детето, тоа е најнормално и никој не ни нуди да ми помогне“.

privilegiite-na-tatkovcite-za-koi-lugjeto-ne-se-svesni-spored-majki-05.JPG

„Можат да го поминат цел викенд во гаража, во двор или со некое хоби, додека мајките се зафатени со домашните обврски и грижата за децата“.

„Секое утро сопругот само се средува и излегува на работа. Во меѓувреме, јас треба да се подготвам самата за работа, но и да ги средам трите деца за на училиште и градинка“.

privilegiite-na-tatkovcite-za-koi-lugjeto-ne-se-svesni-spored-majki-4.JPG

„Сопругот може да се фокусира на нешто без децата постојано да му викаат дека се гладни, дека им се здодевно или што било. Оди на работа слушајќи музиката што ја сака, а јас слушам само детски песнички. Немам време да прочитам нешто, ниту да научам нешто ново, а сопругот има“.

„Мене најмногу ме иритира тоа што сопругот без проблем може да заспие кога било, без да мисли на децата, нивните распореди, кога ќе прави јадење, што треба да се исчисти… Јас не можам да помислам ниту да седнам додека не го средам сето ова“.

privilegiite-na-tatkovcite-za-koi-lugjeto-ne-se-svesni-spored-majki-03.JPG

„Никогаш не мора да мисли што ќе јадеме за вечера, дали има доволно храна и продукти што ни требаат дома. Не ни знае што имаме дома моментално. И, не е ни свесен за менталниот товар што ми го создава ова“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Почнав да го мразам сопругот откако добивме дете – неговиот живот си продолжи, а јас морав да се от... „Беше јасно дека само поради неговиот пол, неговиот живот ќе продолжи непрекинат...
Порака од новороденчето до неговата мајка: „Мама, мириса на млеко и на љубов - тоа е најдобриот мири... „Не можете да ја најдете мама. Ја повикувате и ве обзема страв. Што ако не дојде...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg