„Се породив во Шведска, немав свој доктор, ме прегледуваа бабици. Маж ми зема породилно отсуство“
Градинките се субвенционирани. Цената зависи од приходите и има горна граница, што ја прави грижата за деца многу подостапна. Откако детето ќе наполни 3 години, добива 15 часа неделно бесплатна грижа.

Бебињата често спијат надвор во количка – дури и кога е постудено. Тоа е сосема нормална глетка таму.

Родителите можат да останат дома со болно дете и да бидат платени.
Тоа се вика VAB, и работните места го очекуваат тоа. Големо олеснување е да знаеш дека можеш да се грижиш за детето кога е болно.

Децата добиваат бесплатен топол ручек секој ден во училиште, па родителите не подготвуваат ужинки од дома.

И децата играат надвор во речиси секое време. Дожд, снег или студ – важи мотото: „Нема лошо време, има само лоша облека“.

Некои од овие работи на почетокот ми беа чудни, но сега многу од нив ми имаат смисла“.
С. С. | Црнобело
