„Работев како маркетинг директорка, си дадов отказ за да бидам дома со детето - Со што се соочив?“

rabotev-kako-marketing-direktorka-si-dadov-otkaz-za-da-bidam-so-deteto-doma-so-shto-se-soochiv-01.jpg

Секое родителско искуство е единствено, но може да се каже дека повеќето родители се согласуваат околу една работа: усогласувањето на работата со барањата на малите деца често изгледа како обид да вдишеш воздух длабоко под вода – едноставно невозможно.

Така се чувствувавме јас и мојот сопруг откако ни се роди ќерката во 2022 година.

Бидејќи немавме семејство во близина за да ни помогне, и двајцата работевме со полно работно време од дома и скоро една година се менувавме околу хранење и успивање меѓу состаноци, рокови и преполни деловни календари, со безброј извинувачки пораки до колегите.

Нешто мораше да се промени. Можевме да продолжиме да го игнорираме она што веќе го знаевме дека градинката не е вистинско решение за нашето семејство, едноставно не ни се допаѓа како функционираат, и дека еден од нас мораше да се повлече од работа.

rabotev-kako-marketing-direktorka-si-dadov-otkaz-za-da-bidam-so-deteto-doma-so-shto-se-soochiv-02.jpg

На хартија, повеќе смисла имаше мојот сопруг да ја преземе улогата на главен старател, бидејќи јас заработував повеќе.

Но, тој со години работеше како архитект, работа што искрено ја сакаше, со добри бенефиции.

Јас, од друга страна, бев на работ на исцрпеност.

Пресметавме трошоци, ги разгледавме опциите и на крај и математиката и мојата интуиција покажаа кон мене.

rabotev-kako-marketing-direktorka-si-dadov-otkaz-za-da-bidam-so-deteto-doma-so-shto-se-soochiv-05.jpg

Реално можев да надоместам речиси половина од платата преку хонорарна работа.

Набрзо по првиот роденден на ќерка ми, дадов отказ на позицијата директорка за маркетинг со вртоглаво висока плата, практично откажувајќи се од кариера што ја градев повеќе од 15 години.

Поминаа три години од таа одлука и, иако ниту еден момент не се покајав, транзицијата донесе лекции што не ги очекував.

rabotev-kako-marketing-direktorka-si-dadov-otkaz-za-da-bidam-so-deteto-doma-so-shto-se-soochiv-04.jpg

Ако размислувате за слична одлука, би сакала некој однапред да ми го кажеше ова.

Постои нешто што треба да се знае однапред: кога сте примарен старател, станувате и главен организатор на домаќинството.

Грижата за деца, купувањето намирници, обврските, подготовката на оброци, водењето распоред и одржувањето на домот - сето тоа станува ваша одговорност во текот на работниот ден, а често и после него.

Кај нас, мојот сопруг никогаш не очекуваше да ги преземам сите тие задачи, освен грижата за детето.

Но, некаде попатно почнав тоа да го очекувам од себе.

Во добри денови тој товар носи големо задоволство. Во тешки денови изгледа како ѕидовите полека да се затвораат околу вас.

Губењето на идентитетот е реално, дури и кога самите сте го избрале патот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...
Моќна порака од македонска мајка: „Порано било полесно – сега титкаат групите на Вибер, бираш од как... „Не е дека било толку полесно. Ама нивниот ум, веројатно бил многу потивок. Доде...
16 татковци кои ги уриваат стереотипите и заслужуваат пофалби на цел глас „Нема ништо послатко од она кога ќе слушнеш како детето ти вели: ‘Тато, помогни ...

Најчитани неделава