5 супернамирници за дохрана на вашето бебе

Мајките често се прашуваат кога да почнат со дохрана на бебето и кои намирници се погодни за почеток, па затоа важно е да знаете како да започнете.

5-supernamirnici-za-dohrana-na-vaseto-bebe-01.jpg

Новата храна се внесува во мали количини, постепено, по еден производ за главен оброк.

Со класичните кашички, обидете се да ги искомбинирате овие 5 лесни супернамирници кои дечињата ги обожаваат:

1. Јогурт - Богат извор на калциум и витамин Д, кој допринесува за здравје на коските. Совршен е за дохрана на 6-месечни дечиња, а можете да го комбинирате со омиленото овошје.

5-supernamirnici-za-dohrana-na-vaseto-bebe-02.jpg

2. Темно зелен, лиснат зеленчук - Полн со железо и фолна киселина, овој вид на зеленчук е важен за правилен развој. Започнете со спанаќ, но не заборавајте и на блитвата и листовите од цвекло. Омекнете ги, испасирајте ги и додадете ги во обичната кашичка.

5-supernamirnici-za-dohrana-na-vaseto-bebe-03.jpg

3. Тиква - Тиквата е одличен извор на витамин А и Ц. Слатка е и има супер кремаста текстура. Можете да направите кашичка од тиква и млеко, без сомневање детето ќе ужива во чистиот и сладок вкус.

5-supernamirnici-za-dohrana-na-vaseto-bebe-04.jpg

4. Леќа - Богата со белковини и влакна, одлична е за потребите на малите дечиња. Исто така е евтина, а можете да ја комбинирате со супа и сите солени течни варијации.

5-supernamirnici-za-dohrana-na-vaseto-bebe-05.jpg

5. Боровници - Содржат флавоноиди кои се добри за очите на бебето, мозокот, па дур и уринарниот тракт. Понудете му ги чисти, измиксирани и разредени со малку вода.

5-supernamirnici-za-dohrana-na-vaseto-bebe-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...

Најчитани неделава