14 Заблуди за разводот: Најлошото поминува после потпишувањето

Да се стави крај на бракот не е воопшто лесно, а ни малку не се споредува со раскинување на  врска, како што многумина мислат.

14-najcesti-zabludi-za-razvodot-najlosoto-pominuva-posle-potpishuvanjeto-1

Разводот е навистина болно искуство, кое има лошо влијае врз двојката која го потпишува, но и врз сите останати во нивната околина.

Тешко е да се продолжи напред, а отровните коментари на луѓето, кои само додаваат сол на раната, воопшто не ја олеснуваат работата.

Најчестите заблуди поврзани со разводот, се токму овие:

1. Оние кои никогаш не поминале низ развод, сметаат дека носењето на таква одлука е едноставно и треба што побрзо да се заврши. Но, тоа воопшто не е лесно, бидејќи вие жалите за партнерот кој сте го сакале и врската која толку ја градевте.

2. Сите мислат дека разводот е еднаков со раскинување на врска, што во никој случај не смее да се споредува.

3. Луѓето често велат дека разводот не доаѓа во предвид и сметаат дека таква одлука е срамна. Но, понекогаш таа е најдобрата одлука која можете да ја донесете.

4. Луѓето кои штотуку се венчале или никогаш не биле во брак, се најчесто оние кои ќе ви речат дека многу брзо и лесно сте се откажале од бракот.

5. Околината се однесува како разводот да е заразен, па сите ве избегнуваат.

6. Сите тврдат дека можеби требаше повеќе да се потрудите заради децата. Но, на крајот сепак вие знаете што е најдобро за вашите деца да бидат среќни.

7. Луѓето мислат дека нема да се снајдете после разводот, но факт е дека ќе ви биде подобро отколку во брак.

8. Сите трагаат по виновникот, но понекогаш едноставно не постои, бидејќи луѓето со годините можат да се отуѓат еден од друг.

9. Не сфаќаат дека понекогаш разводот е трагичен.

10. Сите мислат дека најлошото поминува со потпишување на документите, но всушност разведените тагуваат како нивниот партнер штотуку да умрел.

11. Повеќето мислат дека не сте биле доволно сериозни за брак.

12. Забораваат дека секоја приказна има две страни.

13. Штом се разведете, сите мислат дека вие повторно сте назад во акција.

14. Луѓето сметаат дека после разводот нема простор за тагување, туку само за омраза и лутина.

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Душан Благојевиќ: „Во бракот биди ти оној што останува - не затоа што е лесно, туку затоа што си вет... „Бракот е светост во која двајца несовршени влегуваат со вера дека ќе растат зае...

Најчитани неделава