Каков татко сакам да бидам: 14 работи кои би му ги кажал на нероденото дете

Не е ретка појавата кога мажите над 30 години веќе сериозно помислуваат на бракот и децата, гледајќи како сите нивни пријатели веќе имаат семејства.

kakov-tatko-sakam-da-bidam-14-raboti-koi-bi-mu-gi-kazal-na-nerodenoto-dete-01

Ситуацијата која ја опишува еден 31-годишен маж кој додека стои пред вратата со пакет пиво дознава од девојката дека наскоро ќе стане татко, може да се случи секому.

Првата мисла која му поминува е дека ќе мора да го пропушти фудбалскиот натпревар.

Втората мисла која му поминува е да го отвори пивото, а третата мисла е дека не му се верува на кои две работи прво помислил.

Потребно е време за да се сфати одговорноста која мора да се преземе за да се одгледа тоа дете. Не се работи само за будењето доцна во ноќта или менувањето пелени, туку за она на што треба да се научи, она што треба да му го пренесете како искуство, поука совет кога е најпотребно. Она што ќе го направи подобра личност.

Тој можеби бил во паника и не знаел како ќе изгледа отсега неговиот живот, сметајќи дека ни самиот не успеал да ги постигне работите кои сакал да му ги пренесе.

Но, ако нешто би сакал да знае неговото неродено дете, тоа се овие 14 работи на кои пола од нив и самиот секојдневно заборава:

1. Нема сите да те сакаат. Кажи го тоа што го мислиш и кажувај им ја вистината на пријателите, колку и да не сакаат да ја слушнат. Немој да чекаш да ги слушнеш двете страни и да даваш бледи одговори или да се смееш на лоши шеги.

2. Учи вредно во училиште. Не затоа што ќе заработиш многу пари од тоа, туку затоа што еден ден ќе се свртиш зад себе и ќе се почувствуваш гордо.

3. Чисти си ја собата. Секојпат кога ќе погледнам во хаосот во мојата соба се чувствувам ужасно. Стекни навика да ја чистиш собата и ќе се чувствуваш многу подобро.

4. Секогаш завршувај го она што ќе го почнеш. За што и да имаш талент, одржувај го до крај, не се откажувај ако еднаш не успееш.

5. Не се чувствувај непријатно во сопствената кожа. Без разлика дали си тинејџер или повозрасен, научи да се прифатиш- себе.

6. Грижи се за своето тело, бидејќи само тоа го имаш. Не пиј премногу алкохол бидејќи последиците може да бидат трајни.

7. Пробувај нови работи. Што и да правиш секогаш користи ги шансите кои ти се нудат за нови авантури, знаења, вештини, патувања.

kakov-tatko-sakam-da-bidam-14-raboti-koi-bi-mu-gi-kazal-na-nerodenoto-dete-1.jpg

8. Нека не ти биде непријатно покрај бездомни луѓе. Тие нема да те ограбат. Биди подобар од тоа. Однесувај се кон нив со почит. Купи им сендвич ако можеш.

9. Обрни внимание на вестите и на политиката, Не го троши целото слободно време само на интернет и социјалните мрежи или спортските натпревари и филмовите. Распредели го времето и вниманието на работите кои се навистина важни. Биди добро информиран. Не се фокусирај само на едно нешто.

10. Многу луѓе имаат големи соништа но се плашат да седнат и да ја завршат работата. Немој да бидеш еден од нив.

11. Не го чепкај мобилниот додека возиш. Сериозно. Нема нешто што не може да почека за да стигнеш.

12. Стави го семејството на прво место и пред сè друго. Кога си му потребен, биди секогаш таму. Не дозволувај работата или нешто друго да ти бидат изговор. Тоа е најважното нешто што го имаш.

13. Никогаш не посакувај да бидеш некој друг. Не се срами од мааните и слабостите, секој ги има.

14. На крај, дури и ако нешто од оваа листа не исполниш, дури и ништо да не исполниш, во ред е, јас пак ќе те сакам.

Знам дека ќе има периоди кога нема да знам што да правам со тебе, кога ќе барам помош и ќе се вртам кон мајка ти, но ќе издржам. Затоа што ќе ми текне на моментот кога стоев во ходникот со пакетот пиво, а таа ми го покажа позитивниот тест за бременост, но ми ја прочита и првата мисла и го имаше најдобриот одговор: „Се разбира дека сè уште може да го гледаме фудбалскиот натпревар“.

Тогаш сфатив зошто се вљубуваме во некого и дека она што сега се случува не е грешка, туку резултат на таа љубов.

kakov-tatko-sakam-da-bidam-14-raboti-koi-bi-mu-gi-kazal-na-nerodenoto-dete-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg