7 важни работи кои ги научив кога станав татко

Јас сум тип на човек што сака да ги учи и совладува работите онака како што тие се случуваат, а улогата на татко не беше нешто поразлично. Пред да се роди син ми ретко се случувало да држам други бебиња во раце. Никогаш не сум сменил пелена, никогаш не сум думкал бебе да се успие, ниту сум му пеел приспивна песничка...

7-vazni-raboti-koi-gi-nauciv-koga-stanav-tatko-01.jpg

Но, за волја на вистината, никогаш не сум почувствувал љубов како онаа која ја чувствувам за син ми. И како и за сите нови работи во животот, и кон оваа морав да се адаптирам и да откријам цел еден спектар на емоции дотогаш непознати за мене.

А, додека го чувам син ми, откривам нови и неколку подзаборавени нешта кои се особено важни во животот, како на пример:

Скромност

Да се биде родител не е едноставно. Понекогаш, особено за татковците е ново и застрашувачко, но затоа не се преправам дека знам сè, туку признавам дека не знам многу работи. Но, не е ништо срамно да се праша. Страшно е кога поради нашата гордост да не признаеме дека некои работи не знаеме како да ги направиме, децата страдаат.

Трпение

По природа не сум нешто особено трпелив човек, но со син ми научив да ја држам контролата во свои раце во секој момент. Секогаш помислувам дека ова мало човече не умее да се изрази поинаку во моментот, па секое негово кенкање, плачење, па дури и врескање го дочекувам со огромна доза на трпение, бидејќи јас сум оној кој треба да направи да му биде пријатно и син ми да биде среќен.

Почит

Огромен восхит и почит за секоја жена која донела нов живот на светот, секоја посветена мајка, бидејќи тоа е најтешката задача на светот.

Едноставните нешта во животот...

... бидејќи понекогаш забораваме на тоа. Порано се преокупирав со толку многу ситници и непотребни работи, а денес кога син ми е во собата целосно се исклучувам од тоа што е на телевизија или проблемите на работа или некој кој ме изнервирал во сообраќајот. Уживам во едноставните работи и ги ценам, бидејќи само тие моменти вредат на крајот од животот.

7-vazni-raboti-koi-gi-nauciv-koga-stanav-tatko-02.jpg

Тишина

Особено на почетокот додека бебето е малечко и сака повеќе да спие. Порано не разбирав што значење тоа да се биде тивок и да се ужива во тишина, но сега ја сфаќам потребата.

Смеа

Мислам дека овие 4 месеци се смеев толку многу, колку што се немам смеено цела една година. Кога мојот син дојде на овој свет, сè доби поинакво значење, а секојдневната смеа поради неговите лудории е само еден мал дел од совршената сложувалка.

Љубов

Мажите ретко ги покажуваат емоциите, и факт е дека не умеат да ги објаснат онака како тоа што го прават жените. Но, она што го чувствувам за мојот син е нешто толку силно, што никогаш нема да исчезне, бидејќи тој е моето сè!

Од начинот на кој се смее, до моментот кога со малите прстиња ми го стиска мојот показалец. Знам дека би направил сè што е во моја моќ за неговата среќа и би го заштитувал по секоја цена. Моите приоритети се променети и јас се чувствувам многу подобар човек од претходно, поради син ми.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава