Фрази кои трудниците често ги слушаат, а ги вадат од такт
Бремените жени често се почувствителни на сите работи во околината и се случува да ги нервираат секакви ситници, зависно од ситуацијата.

Но, понекогаш не се виновни само хормоните, и некои работи им одат на нерви речиси на сите трудници.
Луѓето често не знаат кои граници не смеат да ги поминат во разговорот со нив, независно дали се блиски или не.
А, неретко се случува и да им „солат“ памет и да им ги даваат по сто пати истите совети, кои им е смачено да ги слушаат.
Секоја жена знае сама за себе што е најдобро и ако се претера, дури и фразите кои ги кажуваат луѓето со добра намера, знаат да бидат иритантни.
За да не се доведувате во непријатна ситуација, погледнете кои фрази не треба да им ги кажувате на идните мајки:
Сите типови на забрани – „Не смееш да јадеш.../Не смееш да чуваш миленици/Не смееш...“

Потсетувања по сто пати дека не треба да се нервира, треба да се чува и слично

„Бременоста не е страшна и нема ништо поубаво“

Некултурни лични прашања за бременоста и здравјето на репродуктивниот систем

„Колку ти е големо стомачето, може да го допрам?“

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
10 фрази кои родителите ги кажуваат несвесно, а ги „прогонуваат“ децата и кога ќе наполнат 30 години...
Секоја генерација носи невидлив товар - зборови слушнати од своите родители.
...
12 ситуации кои покажуваат дека секој ден како родител е нов предизвик, низ илустрации
Кога бабите и дедовците ќе почнат трка за давање подароци, честопати е невозможн...