Блогерка покажа како ѝ изгледа стомакот 24 часа по породувањето

Таа не сака да прикаже лажна слика, па позираше бледа и уморна, плус откри дека прво ќе се посвети на мајчинството, а не на вежбањето.

blogerka-pokazha-kako-i-izgleda-stomakot-24-chasa-po-poroduvanjeto-01.jpg

Хана Полајтс (28) од Австралија покажа како изгледа нејзиниот стомак 25 часа откако на свет го донесе нејзиниот син Арло.

Таа искрено прикажа како ѝ изгледа телото по породувањето со второто дете и откри дека нејзината постара ќеркичка ѝ се смеела дека стомакот ѝ изгледа чудно.

И додека другите блогерки брзаат да покажат како своето тело го враќаат во форма, Хана откри дека ќе си даде одмор и комплетно ќе се посвети на мајчинството, а дури потоа ќе се погрижи за изгледот.

За потегот доби многу пофалби на социјалните мрежи.

Таа откри дека по породувањето била бледа и уморна, но и горда на тоа што го постигнала денот претходно.

Хана пред и по породувањето:

Фотки од новороденчето:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...

Најчитани неделава