Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


„Како да им соопштите на децата за болест или смрт на близок член во семејството?“ со Ивана Хаџиванова - психолог, психотерапевт

kako-da-im-soopshtite-na-decata-za-bolest-ili-smrt-na-blizok-chlen-na-semejstvoto-so-m-r-ivana-hadjivanova-psiholog-05_1.jpgфото: depositphotos.com

Често се поставуваат прашања и во однос на присуство на децата на погреби, дали да бидат забранети и да ги држат на страна во тие моменти. Нема научни показатели дека деца од школска доба не треба да присуствуваат на погреб на својот родител. Меѓутоа детето треба да се подготви за погребот. Мора да му се објасни што таму ќе се случува, кој сè ќе биде и да се праша дали сака да оди и до кого сака да биде.

Ако одбива да оди, секако дека тоа се прифаќа. Во тој случај се прашува со кого сака да остане дома. Но, тоа кое ќе остане дома, убаво е да му се даде можноста да направи некој ритуал за збогување со личноста која ја губи, да напише писмо или цртеж, а да се посети гробот во некој подоцнежен период во присуство на најблиските.

Сепак возраста, зрелоста и индивидуалните карактеристики на детето се главни фактори на одлучување, покрај неговиот личен избор.

Важни аспекти се збогувањето со родителот/блискиот, но и тоа да му се помогне на детето да ја сфати физичката реалност и дефинитивност на смртта, а ритуалите и погребот се некогаш тие кои му помагаат тој процес да почне да се случува.

При смрт на родител, информацијата треба да ја соопшти личност која најмногу ја сака и му е драга. Загубата на родител или близок децата ја доживуваат на различен начин од возрасните, и е секогаш поврзан со интензивни емоции на несигурност и беспомошност!

Секако дека потребно им е многу време за преболување. Реакции кои се заеднички и за децата и за возрасните, а се јавуваат при смрт на близок  се делат на емоционални, мисловни, телесни и бихејвиорални. Слободно можам да кажам дека процесот на загуба и тагувањето се најтешки процеси за секој човек, па и за децата.

kako-da-im-soopshtite-na-decata-za-bolest-ili-smrt-na-blizok-chlen-na-semejstvoto-so-m-r-ivana-hadjivanova-psiholog-02.jpgфото: depositphotos.com

Како да му кажете на дететo тажна вест за смрт на близок:

  • Морам да ти кажам нешто навистина тажно. Вчера се случи несреќа и почина.
  • Знаеш дека... беше многу болна од... Долго се лечеше и нажалост не ѝ помогнаа лековите. Многу ми е жал што морам да ти кажам нешто многу болно, …. денеска почина.

Да се внимава и да не се вели:

  • Дедо засекогаш заспа. (Детето потоа може да се плаши да заспие)
  • Баба се разболе и умре. (Многу деца се често болни, секогаш кога ќе се разболе ќе има страв да не умре)
  • Мама отиде во болница и умре. (Болница ќе стане асоцијација само на смрт)
  • Тато отиде на долго патување. (Ќе го чека да се врати)

Што да се рече на дете кое е многу тажно:

  • Знам колку ти е тешко и во ред е да плачеш и да си тажен. И јас сум тажен/тажна, дозволи ми да те гушнам.
  • Знам дека ти е многу тешко и тажно како и на сите нас, и нормално е тоа да е така, секој би бил. Со тебе сум!

Што да се рече на дете што чувствува вина:

  • Знам што си мислиш и дека се прашуваш дали си крив. Многу луѓе се чувствуваат така кога некој ќе умре, не само ти. Особено вие децата. Но, никогаш кога некој ќе умре не е вина на детето. Не си ти виновен, те молам тоа да го запомниш.
  • Ако ти е за нешто многу тешко, напиши писмо, прочитај го на глас. Кога тој/таа би го слушнала сигурна сум дека би се насмеал/а, би те разбрал/а и гушнал/а бидејќи те сакаше неизмерно.

Текстот го подготви М-р Ивана Хаџиванова 
Психолог, Психотерапевт и Супервизор
Основач на НЕОКОРТЕКС- Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација
НЕОКОРТЕКС може да ги следите на Фејсбук и Инстаграм

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg