Дона и Филип од Скопје направија бајковита свадбена фотосесија во Рим: „Пред фонтана Ди Треви бевме во 4 наутро, снимавме 4 дена“
Распоредот и локациите ги направија тие, секако во консултација со нас.
Имавме денски и ноќни фотосесии, 4 дена вкупно и се сликаа 15-тина локации.

Пред фонтана Ди Треви бевме во 4 часот изутрина, и тогаш имаше 2-3 луѓе, но кога видоа дека сум невеста, самите се тргнуваа понастрана.

Сликавме на најатрактивните места во Рим - Колосеумот, Ватикан, Пантеон и многу други.
Бевме и во населбата Трастевере, каде што имаше прекрасни ниски згради кои се шарени и се вклопуваа во италијанскиот стил што го имавме замислено.

Луѓето нон-стоп нè загледуваа и многу беше интересно, дури и аплаудираа за Филип да ме бакне. Буквално бевме жива атракција.

Има милион и една анегдота од фотосесиите, но кога би издвоиле една, тоа би бил првиот ден кога се сменија сите 4 годишни времиња, но интересно беше што на секоја локација што стигнувавме, точно кога бевме таму ни пушташе сонцето по некој зрак и сите наши замисли беа остварени.

Кога би можеле повторно да го направиме ова, Рим ќе биде нашиот избор засекогаш.
И нормално се вративме на локацијата на која Филип ме запроси, а тоа беше Вила Боргезе“.
