Невообичаени свадбени фотки: Малечки луѓе, големи љубовни приказни

Во фантастичниот свет на тајландскиот фотограф Ekkachai Saelow, вереничките прстени растат на дрвја, а луѓето се минијатурни суштества кои се љубат во навидум обични ситуации.
Со цел да го постигне имагинативниот апсурд, фотографот ги „сече“ младенците од оригиналните фотографии, сместувајќи ги во свет со мали куќички и играчки, создавајќи неверојатни и смешни илузии.
Крајниот резултат се несекојдневни свадбени фотки со многу срце и хумор, а поентата е дека луѓето можеби се малечки, но љубовта останува голема.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Катерина пред свадбата ја облече венчаницата од баба ѝ, стара 57 години: „Горда сум на корените, ме ...
„Моја желба беше земањето невеста да биде од дома - таму каде што се моите први ...
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ...
„Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...