Зошто невестата го фрла букетот на крајот од церемонијата?

Една од традициите за време на венчавките е на крајот, после церемонијата и приемот на гостите, невестата да го фрли букетот, бидејќи се верува дека онаа која ќе го фати, ќе биде следна која ќе стапи во брак.

zoshto-nevestata-go-frla-buketot-na-krajot-od-ceremonijata-01.jpg

Корените на овој обичај потекнуваат од далечното минато, но тогаш, овој обичај имал друга цел.

Пред 100-ина години се сметало дека е голема среќа да дојдете до било што, што невестата го носела на себе од велот, па сè до фустанот.

Но, за да се тргне вниманието од облеката на невестата, многу почнале да го фрлаат букетот за вниманието да се пренесе на гостите и на букетот.

Така многу гости почнале да се концентрираат на тоа наместо да ја допираат невестата, да чекаат истата да го фрли букетот и да го зграбат за среќа во љубовта.

Благодарение на овој итар трик гостинките сега мирно чекаат да дојде фрлањето на букетот, наместо да трчаат по невестата за да ја допрат нејзината облека.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна објава на хрватски фотограф за невеста ќе ве расплаче: „Бидермаерот наместо кај пријателкит... „Секој чекор на Марина кон олтарот беше чудесен – тежок, а сепак лесен, како нек...

Најчитани неделава