Колку пари троши просечната невеста за свадбен фустан?

Невестинските фустани се скапи, но според едно ново истражување, дамите сè почесто се расположени да потрошат многу помалку отколку што би очекувале.

kolku-pari-troshi-prosecnata-nevesta-za-svadben-fustan-01.jpg

Според новото истражување направено од интернет страната Lyst просечната невеста сака да потроши околу 998 долари (931 евро) на нејзиниот фустан. Тоа сè уште звучи како многу пари, но е далеку помалку од просечната вредност на фустаните (околу 10.000 долари, односно 9.332 евра).

Од оваа интернет страна исто така, откриваат дека дури 30% повеќе дами се одлучуваат да носат нешто неконвенционално како комбинезон, панталони...

Овој тренд стана модерен откако Соланж на својата свадба во 2014-та година облече комбинезон.

kolku-pari-troshi-prosecnata-nevesta-za-svadben-fustan-1_copy.jpg

Во случај да сте потрадиционални и сакате да носите фустан ва вашиот голем ден, сега постојат помалку скапи опции, односно фустани кои можете да ги купите онлајн, секако, треба да внимавате добро од каде нарачувате.

kolku-pari-troshi-prosecnata-nevesta-za-svadben-fustan-2.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...
Антонио од Негорци на хит начин се збогуваше со мотоциклот на денот на својата свадба (фото) Антонио Камберов (25) на својата свадба со саканата Кика на шеговит начин се збо...

Најчитани неделава