Нов тренд: Лами и алпаки за свадби (фото)

Многу младенци имаат одлучено да вклучат кучиња, мачки, па дури и коњи на својата венчавка, но ова е навистина оригинално освежување. Лами и алпаки, спремни за забава!

nov-trend-lami-i-alpaki-za-svadbi-foto-1.jpg

Младенците во Америка и Канада, ообено во областа на Портланд и Ванкувер, сега на својата венчавка може да си имаат лами и алпаки, преслатките животни од фамилијата камили, а кои ќе им ги донесе и дотера за фотографирањето организацијата „Mtn Peaks Therapy Llamas & Alpacas“.

Терапевтските лами и алпаки се обучени да бидат со луѓе, па нема да дивеат низ салата, ниту пак да ја „гризнат“ фризурата на невестата, а може да носат и мал вел, цилиндар и украси од цвеќиња и мониста, во зависност од свадбената тема.

Главните јунаци на оваа приказна се Rojo, Smokey, Diego и Jean-Pierre, кои благодарение на оваа организација гостуваат на свадбените свечености и се фотографираат со младоженците, со малите и големите гости, овозможувајќи им на тој начин добра забава и незаборавни спомени.

Младенците најчесто си земаат по две животни, за кои треба да издвојат 300 долари, додека само еден симпатичен гостин ќе ги чини 200 долари по доаѓање.

Организацијата ги изнајмува животните и за други свечености, првата венчавка ја сработила во 2011-тата, а секоја година е сè поголем бројот на младенци кои сакаат ваква атракција.

Симпатична идеја, нели?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет работи што никако не треба да ги правите на свадба, според бонтон експерт Немојте да доцните, никако немојте да носите бела облека и немојте да пиете мног...
Антонио од Негорци на хит начин се збогуваше со мотоциклот на денот на својата свадба (фото) Антонио Камберов (25) на својата свадба со саканата Кика на шеговит начин се збо...
Уникатна свадба во Хрватска: Се венчаа на дното од морето, „кажаа ДА“ со напис на лист (видео) Мелиса и Мартин на уникатен начин си ветија љубов до крајот на животот на дното ...

Најчитани неделава