Фустани со долги ракави: Венчаници кои ќе доминираат во 2018 година

Венчаниците со долги ракави не се новина. Дел од најпознатите модели ги носеа принцезата Грејс Кели, војвотката Кејт Мидлтон, а меѓу последните во низата беше и фустанот на манекенката Миранда Кер.

fustani-so-dolgi-rakavi-venchanici-koi-kje-dominiraat-vo-2018-godina-1.jpg

Без оглед на личниот стил, секоја идна невеста ја интересираат новитетите во светот на свадбените церемонии.

Ова посебно се однесува на венчаницата, која е една од главните „ѕвезди“ на секоја свадба.

По сѐ изгледа, во 2018 година ќе доминира еден специфичен тренд – фустани со долги ракави. И, тоа не било какви.

Следната година, најактуелни ќе бидат кроевите со ткн. „statement“ ракави, кои се изразито впечатливи и посебни, односно привлекуваат внимание.

Со широко раширени раце, трендот веќе го прифатија дел од водечките дизајнерски имиња за венчаници, претставувајќи ги своите најнови креации на оваа тема.

Иако чипкастите ракави се секогаш добар избор, идната година ќе се нагледаме и разни други опции, како што се на пример ракавите кои наликуваат на ангелски крилја.

Какви и да се, тие мора да се издвојуваат, а на вас останува да ја одберете онаа што најмногу ви се допаѓа за големиот ден.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уникатна свадба во Хрватска: Се венчаа на дното од морето, „кажаа ДА“ со напис на лист (видео) Мелиса и Мартин на уникатен начин си ветија љубов до крајот на животот на дното ...
Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...

Најчитани неделава