Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Графичар 08-02-2023
Технолог 08-02-2023


Според Pinterest: Најпопуларни модели на венчаници за лето 2018

Социјалната мрежа претставува вистинска ризница за модни идеи, а кога се свадбите во прашање, сезонава се издвоија три фаворити за идните невести. 

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-1.png

Pinterest е креативна платформа каде никогаш не недостасува инспирација, сеедно дали барате секојдневни парчиња облека, или, пак, фустани за свечени настани, како што се венчавките.

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-2.jpg

Оттука, не е изненадување што сѐ поголем е бројот на кориснички, но и модни дизајнери, кои везден ги следат вкусовите и трендовите на споменатата социјална мрежа. Што е хит за лето 2018 година?

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-3.jpg

Кога станува збор за венчаниците, доминираат три актуелни модели на невестински фустани. Сите се прекрасни и посебни на сопствен начин, па нема сомнеж дека идните невести ќе се препознаат во барем еден од нив:

1. Grace Loves Lace – Camille

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-4.jpg

Креациите на Grace Loves Lace и понатаму се неприкосновени фаворити помеѓу девојките. 

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-5.jpg

Оваа сезона е посебно популарен моделот Camille, кој го карактеризираат долги ракави од бела чипка и драматичен изрез на грбот.

2. Karen Willis Holmes - The Mabel

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-6.jpg

Посмелите невести, пак, ја бираат дводелната венчаница од австралиската дизајнерка Karen Willis Holmes.

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-7.jpg

Фустанот Mabel има едноставен, но изразито префинет А-крој, којшто ѝ ласка и на женската фигура. Шик кратките ракави ја разигруваат целата комбинација.

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-8.jpg

3. Anna Campbell - The Savannah

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-9.jpg

Дека годинава се мошне барани фустаните со нагласок на задниот дел, потврдува и брендот Anna Campbell Bridal, чијашто креација Savannah се најде во трите најпопуларни според Pinterest.

spored-pinterest-najpopularni-modeli-na-venchanici-za-leto-2018-10.jpg

Моделот е изработен со деликатна чипка на грбот, но и растеглив материјал во пределот на струкот, што на невестата ѝ овозможува да седи, јаде и комплетно да ужива на денот на свадбата.

https://vimeo.com/223666174

Првиот, вториот или третиот – кој фустан вам највеќе ви се допаѓа?

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки што ги прават речиси сите невести со шминката, според мејкап артист Барате мислење од сите, следите минливи трендови и не правите пробна шминка – ме...
Романтична колекција на венчаници од Oscar de la Renta за есен 2023 (фото) Oscar de la Renta ја престави новата невестинска колекција романтични венчаници ...
20 идеи за мини невестински фустанчиња за афтер-парти Сè почесто невестите се одлучуваат во текот на вечерта да се ослободат од тешкат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg