Уникатно запросување: Го закопал прстенот за таа да го пронајде со детектор за метал

Барајќи предмети од 18-тиот век на терен, Хариет под земја пронашла метална кутија во која нејзиното момче го сокрило свршеничкиот прстен.

unikatno-zaprosuvanje-go-zakopal-prstenot-za-taa-da-go-najde-so-detektor-za-metal-01.jpg

Џемили Свајнсон (31) на својата девојка Хариет Хаселер (30) ѝ смислил уникатно и романтично запросување. Тој ѝ дозволил да го „пронајде“ свршеничкиот прстен со помош на детектор за метал.

Прстенот со дијаманти и сафир го закопал на терен каде двајцата истражувале со детектори за метал и барале предмети од античко време.

Меѓу другото таа пронашла и откопала метална кутија, во која бил скриен прстенот. Кога го видела прстенот, Хариет веднаш ја прифатила понудата за брак.

Парот бил во врска 2 години.

Како изгледало уникатното запросување:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти „По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...

Најчитани неделава