Момче ја запросило девојката во Азија, но го одбила бидејќи било во хотелска соба

„Јас си размислував колку прекрасен ден имавме и како ќе го поминам остатокот од животот со жената што ја сакам. Но, таа кога излезе од тоалетот беше во солзи. Ми го даде прстенот...“

momche-ja-zaprosilo-devojkata-vo-azija-no-go-odbila-bidejkji-bilo-vo-hotelska-soba-01.jpg

Момче ја однело својата девојка на патување во Азија за да прослават 3-годишнина од нивната врска. Ја однел во комплексот храмови Ангкор Ват во Камбоџа на местото на кое таа отсекогаш сакала да оди.

На крајот од првиот ден се вратиле во хотелот и тој ја запросил.

Иако таа кажала „ДА“ веднаш, потоа влегла во тоалетот да се тушира и кога излегла по некое време кажала дека сака да си го повлече кажаното „ДА“.

momche-ja-zaprosilo-devojkata-vo-azija-no-taa-go-odbila-bidejkji-bilo-vo-hotelska-soba-02.jpg

Сигурно мислите дека се прашувала дали е прерано, дали тој е вистинскиот за неа или едноставно не сака брак, но причината е многу побанална.

Таа едноставно не сакала да биде запросена во хотелска соба.

Момчето го искажа своето разочарување од потегот на саканата на Reddit, обидувајќи се да сфати зошто таа сака да го повторат чинот.

Сега, тој размислува дали да раскине со неа затоа што бил повреден од нејзиниот потег.

„Ја запросив. Таа кажа „ДА“ и планирав следниот ден да ја однесам на водопадите да прославиме. Таа отиде да се истушира додека јас си лежев и размислував колку прекрасен ден имавме и како ќе го поминам остатокот од животот со жената што ја сакам.

Но, таа кога излезе од тоалетот беше во солзи. Ми го даде прстенот и рече дека не може да прифати затоа што не сакала споменот од запросувањето да ѝ биде од хотелска соба.

Се правев кул и ѝ кажав дека ја разбирам, но бев навистина повреден. Мислев дека ѝ нудам нешто вредно - преданост за цел живот.

Ја одведов преку половина свет на нејзиното омилено место. Чувствував дека ако ме цени нема да ѝ значи што запросувањето не било токму како што посакувала. Требаше на мене и на иднината со мене да им каже „ДА“, а не на начинот на предложување на тоа.“

momche-ja-zaprosilo-devojkata-vo-azija-no-taa-go-odbila-bidejkji-bilo-vo-hotelska-soba-03.jpg

Потоа ѝ кажал дека не планира повторно да клекнува на колено и да ја бара, туку ако сака таа да го запроси него.

Што мислите за потегот на девојката, па и одлуката на момчето?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивен момент: Невеста, која е инвалид, зачекори со помагало кон олтарот – младоженецот плаче (вид... Со солзи и неверување Џеј Блумфилд ја гледаше својата сакана Челзи Хил која е па...
„Те земам поради духовните вредности, а не за физичкиот изглед“ – зошто невестите носеле превез кој ... Во Европа, договорените бракови биле сосема нормална појава во минатото. Се веру...
Кул идеја: Како да ја носите венчаницата и по вашата свадба, наместо да собира прав? (видео) Инфлуенсерката Тејлор не сакала нејзината венчаница да стои заборавена во гардер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg