Се чувствувала лошо бидејќи била полничка невеста, па сега ги поддржува плус сајз невестите

Колку често наидувате на венчаници кои ги рекламираат плус сајз модели? Шерон Мајерс сака да го промени тоа.

zhena-osnovala-brend-koj-dava-inspiracija-za-plus-sajz-nevestite-01.jpg

Шерон Мајерс го основала брендот „Pretty Pear Bride“, агенција за организирање свадби и онлајн магазин кој им дава поддршка и инспирација на плус сајз невестите.

Таа сака да покаже дека невестите доаѓаат во сите големини и дека сите треба да се чувствуваат среќно и прифатено и при изборот на фустан и при целиот процес на организација на свадбата.

Нејзината цел е секоја невеста да знае дека е убава и ценета и дека заслужува прекрасна венчаница, без оглед на бројот.

На Инстаграм профилот „Pretty Pear Bride“ ќе видите плус сајз невести во совршени фустани, кои среќно танцуваат. Овој профил ги слави полничките невести.

Инаку, Шерон добила инспирација за ова затоа што кога правела свадба на 17 години, имала вишок килограми и поради тоа се чувствувала неприфатено.

Потоа ја основала својата агенција за организација на венчавки која покрај другите работи има за цел да им помогне на плус сајз невестите да се прифатат себеси и да веруваат дека изгледаат добро.

„Сакав да ја креирам инспирацијата, која ми недостигаше мене кога се мажев. Сакам онлајн да се видат плус сајз невести кои изгледаат одлично.“

Повеќе фотографии од инспиративниот Инстаграм профил:

https://www.instagram.com/p/CEfWm0FgRFZ/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеја за свадбени декорации: Детали во впечатливи бои кои создаваат контраст (фото) Без разлика дали станува збор за шарени цветови, свеќи и чаши со впечатлива боја...
Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg