Плукање на невестата во Кенија, 30-дневно оплакување во Кина - неверојатни свадбени ритуали низ земјите ширум светот

Во Полска, за време на свадбената церемонија, машките гости плаќаат со цел накратко да танцуваат со невестата, а понекогаш и девојките плаќаат да танцуваат со младоженецот. 

Plukanje-na-nevestata-vo-Kenija-30-dnevno-oplakuvanje-vo-Kina-neverojatni-svadbeni-rituali-niz-zemjite-shirum-svetot 01 630x330.jpg

Ритуалите и свадбените традиции ширум светот во голема мера, навистина се разликуваат.

Овие разлики особено зависат од културите, религиите и социјалните општествени класи низ големиот број земји.

Повеќето свадбени церемонии вклучуваат размена на брачни завети од страна на парот, разменување на подарци (прстени, цвеќиња и сл.), како и јавно „одобрување“ на бракот од страна на најавторитетниот член од семејството.

Многу култури веќе одамна го прифатија традиционалниот западен обичај - таканаречената „бела венчавка“, во која невестата носи бела венчаница и вел.

Иако бракот се смета за универзална пригода, постојат исклучително необични и неверојатни свадбени ритуали, кои со својата разновидност сосема ќе ве изненадат.

Во продолжение ви издвојуваме неколку од нив:

Едномесечно оплакување на Tуџијците во Кина

Туџијците, кои се вкупно над 8 милиони луѓе, се осмото по ред етничко малцинство во Народна Република Кина.

Имено, подготовката за венчавка кај нив трае цели 30 дена, а оплакувањето е неизбежно. Невестата дневно треба да помине најмалку еден час плачејќи.

10 дена подоцна, на неа ѝ се придружува нејзината мајка, а по 10 дена и нејзината баба, како и останатите жени од семејството, кои исто така е потребно да плачат најмалку еден час дневно.

Неверојатно, зарем не?! Интересно е што овој ритуал за нив не претставува чин на изразување тага, напротив, плачењето е наменето да ја изрази радоста и длабоката љубов.

Со оглед на тоа што сите жени плачат со различен тон, збирните лелеци звучат речиси како песна.

Plukanje-na-nevestata-vo-Kenija-30-dnevno-oplakuvanje-vo-Kina-neverojatni-svadbeni-rituali-niz-zemjite-shirum-svetot 02 630x420.jpg

Традиција на бакнување во Шведска

Не, бакнувањето не се случува единствено помеѓу невестата и младоженецот. На свадбената церемонија во Шведска, традиционално, барем за момент и од која било причина, младоженецот исчезнува.

Тогаш на сите невенчани, млади момчиња им е дозволено да ја бакнат невестата. Истото важи и за младоженецот и женските гости доколку невестата ја напушти салата.

Оваа уникатна традиција во Шведска е дефинитивно еден од најбизарните свадбени ритуали кои досега сте ги слушнале.

Plukanje-na-nevestata-vo-Kenija-30-dnevno-oplakuvanje-vo-Kina-neverojatni-svadbeni-rituali-niz-zemjite-shirum-svetot 03 630x400.jpg

Ритуал на плукање на невестата во Кенија

Уште еден во низата на бизарни свадбени ритуали, овојпат кај источно-суданското семејство на народи во Кенија, племето Масаи.

На овие свадбени церемонии косата на невестата е избричена, а на нејзината глава се мачка масло од јагне.

Таткото на невестата ја благословува својата ќерка со плукање по главата и градите. Плукањето, обично претставува симбол на срамот, но кај племето Масаи се смета дека тоа носи непроценлива среќа.

Потоа, невестата заминува со сопругот и не смее да погледне наназад бидејќи, според некои од нивните верувања, таа ќе се претвори во камен.

Сепак, наредните два дена сопругот не останува во куќата во која останува неговата идна невеста, а за крај свекрвата исто така ја бричи својата глава.

Plukanje-na-nevestata-vo-Kenija-30-dnevno-oplakuvanje-vo-Kina-neverojatni-svadbeni-rituali-niz-zemjite-shirum-svetot 04 630x420.jpg

Камшикување на стапалата во Јужна Кореја

Ритуалот на камшикување на стапалата е карактеристичен за свадбените церемонии во Јужна Кореја.

Пријателите на младоженецот му ги отстрануваат чевлите, ги врзуваат нозете со јаже или појас и камшикувањето започнува. Се верува дека овој ритуал ќе го направи младоженецот посилен и подготвен за првата брачна ноќ.

Всушност, покрај неминовната болка, станува збор за забавна традиција, а намерата зад неа е да се проверат силата и знаењето на младоженецот. За време на камшикувањето, на младоженецот често му се поставуваат прашања во вид на квиз.

Овој болно-забавен ритуал зазема важно место во корејската свадбена култура.

Plukanje-na-nevestata-vo-Kenija-30-dnevno-oplakuvanje-vo-Kina-neverojatni-svadbeni-rituali-niz-zemjite-shirum-svetot 05 630x354.jpg

Носење на невестата на раце преку прагот од домот

Традицијата на носење на невестата на раце преку прагот од идниот дом датира навстина одамна и за овој ритуал постојат повеќе значења.

Во средновековна Европа, се верувало дека само на овој начин ќе може да се избегнат злите духови.

Исто така, постојат антички верувања кои велат дека невестата на овој начин мора да покаже дека сепак, воопшто не е луда да го напушти домот на нејзиниот татко, па затоа „принудно“ е донесена од страна на нејзиниот сопруг.

Plukanje-na-nevestata-vo-Kenija-30-dnevno-oplakuvanje-vo-Kina-neverojatni-svadbeni-rituali-niz-zemjite-shirum-svetot 06 630x472.jpg

Венчавка со животно, со цел отстранување на злите духови во Индија

Во некои делови на Индија се верува дека духовите можат да се „населат“ во одредени луѓе од живиот свет.

Најзначајно, се верува дека кај девојчињата кои се родени со млечен заб, злите духови веќе еруптирале низ непцата, а исто така и кај девојчињата кои се соочуваат со пареза (искривување) на лицето.

Единствениот начин да се разбие оваа чудна клетва е девојчето да се омажи за животно, обично за коза или куче. Раскошната свадбена церемонија вклучувала музика, многу алкохол и танцување.

Сепак, станува збор за ритуал кој се изведува единствено со цел да се отстрани клетвата, така што од девојчето не се очекува ништо повеќе од присуство на самото венчавање.

Откако наводно ќе се отстранат злите духови, „невестата“ може да се омажи за својот избраник, кога и да посака.

Plukanje-na-nevestata-vo-Kenija-30-dnevno-oplakuvanje-vo-Kina-neverojatni-svadbeni-rituali-niz-zemjite-shirum-svetot 07 630x420.jpg

Киднапирање на невестата

Kyz ala kachuu, во превод од киргиски значи „да земеш млада жена и да побегнеш“. Овој бизарен ритуал се практикувал уште од дамнешни времиња, речиси низ целиот свет.

Станува збор за практика во која мажот ја „киднапира“ жената со која сака да се ожени. Младиот човек употребувајќи сила или со измама ја грабнува својата избраничка, а таа често е придружувана од пријатели или роднини од машкиот пол.

Тие ја одведуваат во неговата семејна куќа и таму ја чуваат, сè додека женските роднини на мажот не ја убедат да облече шал – кој симболизира мажена жена, како знак на нејзино прифаќање.

Се смета дека киднапирањето на невеста сè уште се практикува во некои култури.

Plukanje-na-nevestata-vo-Kenija-30-dnevno-oplakuvanje-vo-Kina-neverojatni-svadbeni-rituali-niz-zemjite-shirum-svetot 08 630x354.jpg

Во Полска, гостите плаќаат за да танцуваат со невестата

Интересно, зарем не?! За време на свадбената церемонија, машките гости плаќаат со цел накратко да танцуваат со невестата, а понекогаш и девојките плаќаат да танцуваат со младоженецот. 

На свадбениот прием, невестата танцува со нејзиниот татко, додека еден од роднините држи престилка. Гостите кои ќе стават пари во престилката, добиваат можност да танцуваат со невестата.

Plukanje-na-nevestata-vo-Kenija-30-dnevno-oplakuvanje-vo-Kina-neverojatni-svadbeni-rituali-niz-zemjite-shirum-svetot 09 630x420.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Кул идеја за свадбени декорации: Детали во впечатливи бои кои создаваат контраст (фото) Без разлика дали станува збор за шарени цветови, свеќи и чаши со впечатлива боја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg