Паметен дечко си ја запроси девојката со 5 различни прстени - генијално или неромантично?
Еден од најголемите машки стравови е да ја запросиш девојката со прстен кој цел живот нема да ѝ биде по вкус.

Колку и да велиме дека љубовта и намерата се важни, сепак жените се пребирливи и сакаат работите да им се „по мерка.“
Па така, еден брилијантен машки ум, Вилијам Хан од Атланта, решил да си ја запроси девојката Бритни Милер со 5 веренички прстени, откако претходно имале романтично летање со хеликоптер.
Покрај прашањето „Дали ќе се омажиш за мене?“ следувало и прашањето: „Кој прстен најмногу ти се допаѓа?“
Неромантично или едноставно – генијално?







М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ...
„Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...
Жена отишла на свадбата на син ѝ во венчаница – снаата ја објави јавно за да ја посрамоти
„По свадбата ни рече дека не направила ништо погрешно. Но, се чувствував засраме...