„Голите“ венчаници ги освоија невестите низ светот – би носеле ли ваков фустан на вашата свадба?

„Најголем број жени не сакаат да носат балски фустани. Навистина е исцрпувачко, па затоа сега во мода се лесните и ‘лелеави’ фустани, кои сепак не се секојдневни“ - појаснува Вера Ванг. Погледнете повеќе модели од „голи“ венчаници кои се вистински хит во светот.

golite-venchanici-go-osvoija-svetot-bi-nosele-li-vie-neshto-vakvo-na-vashata-svadba-foto-01.jpg

По завршувањето на карантините и релаксирањето на мерките за заштита од ковид, свадбите се враќаат во полн ек, насекаде во светот, а во оваа 2022-ра година светски тренд се „голите“ фустани изработени од тантела, проѕирни материјали со постава во боја на кожа или во светли тонови.

„Голите“ фустани досега честопати беа забележани на црвениот тепих, а годинава се прв избор на жените што сакаат да застанат пред олтар во смел фустан, што истовремено е во тренд, а некои светски дизајнери во своите колекции веќе вклучија вакви венчаници.

View this post on Instagram

A post shared by BERTA (@berta)

View this post on Instagram

A post shared by Grace Loves Lace | Sustainable Bridal (@grace_loves_lace)

Според Вера Ванг која важи за авторитет во светот на модата и за една од најскапо платените дизајнери на венчаници, новите невести бараат секси фустани за своите свадби од проста причина што тие се покомотни од традиционалните фустани со волуменозни здолништа и корсети.

„Најголем број жени не сакаат да носат балски фустани. Навистина е исцрпувачко, па затоа сега во мода се лесните и ‘лелеави’ фустани, кои сепак не се секојдневни. Сметам дека жените изгледаат најдобро кога се чувствуваат удобно“ – рече Вера во интервју за Insider.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од проѕирни венчаници:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg