Што да правите кога навистина не сакате да имате моминска забава?

Иако има многу идни невести кои сакаат да бидат во центарот на вниманието, сепак има и такви кои едноставно не можат да ја поднесат ниту помислата за тоа. Затоа моминската забава навистина не е за секого. 

shto-da-napravite-koga-navistina-ne-sakate-da-imate-mominska-zabava-01.jpg

Без оглед на вашето размислување, во ред е да ја прескокнете оваа традиција ако сакате, или пак да ја замените со некое алтернативно решение.

Што можете да правите и како да им објасните на пријателките дека навистина не го сакате тоа?

Најдете друг начин за да прославите

Веројатно ќе добиете покана за моминска вечер од пријателките кои со нетрпение очекуваат да прослават со вас, па можеби е забавно да смислите алтернатива со која ќе ви биде попријатно.

Можеби тоа е нешто едноставно како што е собиранка дома со пријателките, со омилените пијалаци и храна, споделување на забавни моменти од младоста, организирање вечера со забавни активности, па дури и гледање филм ако тоа ви е желба.

Не мора еден цел викенд да славите со балони, круни и други додатоци, туку едноставно одвојте малку време за вашите девојки да ви честитаат.

shto-da-napravite-koga-navistina-ne-sakate-da-imate-mominska-zabava-03.jpg

Кога далечината е проблем

Ако сите ваши пријателки живеат далеку, а организирањето моминска забава изгледа невозможен подвиг и тоа ве прави нервозни, тогаш прашајте ги дали би можеле да пристигнат неколку дена пред вашата свадба за да можете да споделите барем една убава вечер заедно.

Не мора да се означува како моминска вечер, но ќе биде одличен начин да ја започнете веселбата со најблиските.

shto-da-napravite-koga-navistina-ne-sakate-da-imate-mominska-zabava-07.png

Здружете ги силите

Ако главната причина поради која не сакате моминска забава е тоа што не можете да ја поднесете идејата да бидете во центарот на вниманието, би можеле да размислите да ги здружите силите со неколку други девојки кои моментално се свршени.

Особено ако имате заеднички пријатели, ова е одличен начин да направите моминска забава без да се чувствувате како да сте само вие во центарот на вниманието. 

А, секогаш може да размислите на опцијата да прославите, но да ги замолите другарките тоа да биде без да сте облечени во бела боја, со вел, круни и слично, па така ќе биде како обично излегување со најблиските, а причината ќе ја знаете само вие помеѓу вас. 

shto-da-napravite-koga-navistina-ne-sakate-da-imate-mominska-zabava-02.jpg

Вашата благосостојба е најважна

Има многу причини зошто можеби се чувствувате виновни што немате моминска забава, но важно е да ги држите овие чувства под контрола и да не се чувствувате виновно.

Можеби имате некоја пријателка која не може да разбере зошто не сакате, но оваа одлука на крајот е ваша, па затоа не грижете се за другите размислувања. Најважно е да се чувствувате удобно.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg