Најдоброто свадбено видео: Невеста лудо танцува со татко ѝ на „Teach Me How to Dougie“

„Причина број 1838329194920 зошто го сакам татко ми“, напиша 30-годишната невеста од Калифорнија во описот на видеото.

najdobroto-svadbeno-video-nevesta-ludo-tancuva-so-tatko-i-na-teach-me-how-to-dougie-01.jpg

Британи Ревел (30) од Калифорнија стана вирален хит со видеото на кое облечена во невестински фустан и патики на својот голем ден танцува со татко ѝ на песната „Teach Me How to Dougie“.

Енергични, ведри и одлично синхронизирани, тие се вистинска позитива.

najdobroto-svadbeno-video-nevesta-ludo-tancuva-so-tatko-i-na-teach-me-how-to-dougie-04.jpg

„Причина број 1838329194920 зошто го сакам татко ми“, напиша Британи во описот на видеото.

Нејзиниот татко Кели (63) е пензионер, на кој дефинитивно танцот му е силна страна.

„Мислам дека со татко ми имаме слични карактери, само јас му помогнав малку да излезе од комфор зоната и да се забавува повеќе“, изјави Британи.

najdobroto-svadbeno-video-nevesta-ludo-tancuva-so-tatko-i-na-teach-me-how-to-dougie-03.jpg

Ова не е прво танцувачко вирално видео од прекрасните татко и ќерка.

Погледнете го танцот што ќе ви измами насмевка на лицето:

@bnrevell Can’t even explain how fun it was teaching my dad my go-to moves from middle school. 😂 #fatherdaughterdance #weddingtok #yougotserved #iykyk ♬ original sound - Brittany Revell

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 (задолжителни) фотографии кои невестата вреди да ги направи пред да се појави во венчаница Подготовка на шминка и фризура, венчаница и штикли спремни да се облечат, другар...
10 најбизарни свадбени обичаи ширум светот: младенците не смеат да одат во тоалет 3 дена по церемони... Додека кај нас на традиционалните свадби имаме одење по невеста, бричење на млад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg