Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето?

Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е препорачливо за девојки и жени со егзема, акни и слични кожни проблеми. Што друго треба да знаете за овој тренд за убавина?

dali-vlaknata-rastat-pogusti-i-shto-drugo-treba-da-znaat-zhenite-pred-da-go-izbrichat-liceto-01.jpg

Ако користите ТикТок или Инстаграм, веројатно сте налетале на релативно новиот тренд за жени – бричење на лицето.

Во своите видеа, инфлуенсерките велат дека по бричење, кожата им е многу помазна и помека, како и дека шминката изгледа поубаво.

Тврдат и дека бричењето прави вид пилинг на кожата, односно ги отстранува мртвите клетки кожа.

Па, што треба да знаете за овој тренд?

Предности и недостатоци од бричење на лицето

Покрај што ги отстранува влакната, бричењето навистина ѝ прави пилинг на кожата и поради тоа може да биде помазна.

Сепак, овој третман не е препорачлив ако имате чувствителна кожа или состојби како егзема, псоријаза и акни.

Придобивки од бричење на лицето:

  • Ги отстранува влакната и мртвите кожни клетки
  • Ги отстранува нечистотиите и го подобрува изгледот на кожата
  • Шминката навистина изгледа подобро, но и може да трае подолго

Недостатоци од бричење на лицето:

  • Можна појава на поткожни влакна
  • Ризик да се пресечете
  • Сува кожата кожа може да стане уште посува и да чувствувате чешање, како и да се појави црвенило

dali-vlaknata-rastat-pogusti-i-shto-drugo-treba-da-znaat-zhenite-pred-da-go-izbrichat-liceto-02.jpg

Дали по бричењето влакната ќе пораснат потемни?

Генерално, влакната на лицето (освен на веѓите и можеби на надусниците и брадата), се поразлични.

Тие се многу тенки и светли и кај девојки и жени со светла коса, се практично невидливи.

Иако многумина веруваат во овој мит, бричењето нема да ви ги направи влакната потемни или погусти.

Единствено, кога влакната растат по бричење, се создава илузија дека се потемни.

Кога се бричите, вие го сечите влакното, па наместо тенкиот врв, најгоре е подебел дел. Па, додека влакното да порасне цело, може да изгледа дека е подебело.

И секако, влакната не можат да станат погусти бидејќи бричењето не создава нови фоликули.

dali-vlaknata-rastat-pogusti-i-shto-drugo-treba-da-znaat-zhenite-pred-da-go-izbrichat-liceto-04.jpg

Како да го избричите лицето?

Ако сепак сакате да го пробате овој тренд, треба да земете предвид неколку работи.

- Темелно исчистете ја кожата и исушете ја. Не мора да користите кремови или гелови за бричење бидејќи женските влакна не се цврсти како кај машката брада. Сепак, некои девојки и жени велат дека користат масло за кожа.

- Користете посебен жилет за бричење наменет за жени. Некогаш овие жилети се брендирани како жилети за веѓи или на англиски - dermaplaning.

- Никако немојте да користите тап жилет, во спротивно може да ја иритирате кожата.

dali-vlaknata-rastat-pogusti-i-shto-drugo-treba-da-znaat-zhenite-pred-da-go-izbrichat-liceto-05.jpg

- Додека се бричите, малку затегнете ја кожата со едната рака, а со другата држете го жилетот под агол од 45 степени. Движењата треба да ви бидат нежни, со што е можно помал притисок.

- Секогаш бричете ги влакната во насока на нивното растење за да избегнете иритација.

- Плакнете го жилетот со вода по секое движење.

- Не пробувајте да ја бричите областа околу веѓите, освено ако не сте искусни бидејќи лесно можете да направите грешка.

- Откако ќе завршите, исплакнете го лицето и задолжително нанесете хидратантен крем.

dali-vlaknata-rastat-pogusti-i-shto-drugo-treba-da-znaat-zhenite-pred-da-go-izbrichat-liceto-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Совршен летен маникир - 24 идеи за да бидете во тренд оваа сезона (фото) Ако ги следите советите на експертите, до крајот на летото треба да „се држите“ ...

Најчитани неделава