Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета
Не го отстранувате кремот со фактор
Кога ќе си дојдете дома, треба да го отстраните кремот со фактор за да избегнете проблеми со кожата.
Но, нема да ви помогне само вода бидејќи повеќето кремови се водоотпорни. Најдобро е да го отстраните со мицеларна вода или нежно средство за чистење лице што не ја суши кожата.
Не користите продукти со витамин Ц
Витаминот Ц ја штити кожата од сончевите зраци, па препорачливо е да користите продукти со оваа активна состојка барем во лето.
Но, само продукт со витамин Ц нема да биде доволно – секогаш треба да нанесете и крем со фактор.
Се бричите/депилирате пред да одите на сонце
Бричењето и депилацијата ја иритираат кожата, па ако веднаш излезете на сонце, може да ја влошите иритацијата.
Најдобро е да се бричите или депилирате одвечер, а ако се подготвувате за одмор, депилацијата закажете ја барем два дена претходно, за кожата да има време да се „смири“ пред да ја изложите на сонце.
Ја заборавате негата на усни
Сувите усни се проблем што го поврзуваме со зима, но може да се јави и во лето ако не водите соодветна грижа.
Најпрво, важно е да користите балсам за усни со заштитен фактор бидејќи и тие се склони на изгореници, дури и повеќе од кожата на лицето.
Притоа, еднаш неделно правите им нежен пилинг, а користете и хидратантен балсам.
Правите многу пилинзи
Во лето правете што е помалку пилинзи на кожата бидејќи во комбинација со сонце, може да си направите иритација.
Доволно е да направите пилинг еднаш неделно, но со понежни продукти.
Спирова С. | Црнобело
