Пет грешки поради кои не ви помага ни најскaпиот антиперспирант во лето
Ставате антиперспирант неколкупати во текот на денот без да ги исчистите пазувите и носите тесна облека од синтетика.

Еден од најголемите проблеми во лето е, секако, потењето.
Кога температурите достигнуваат скоро 40 степени Целзиусови, сите сме „утоп“ по само неколку минути.
Но, со добар антиперспирант, можеме да го избегнеме барем непријатниот мирис.
Сепак, ако забележувате дека ниту еден антиперспирант не ви е од помош, можеби правите некоја од следниве грешки:
Го нанесувате веднаш по туширање
Антиперспирантите, без разлика дали се во форма на спреј, стик или рол-он, мора да се нанесат на чиста, но и сува кожа.
Ако го нанесете веднаш по туширање, нема да го има истиот ефект.
Најдобро е да почекате 15-тина минути, за кожата целосно да се исуши, па тогаш да го нанесете.
Не го избирате продуктот според вашите потреби
Има причина зошто постојат безброј видови антиперспиранти и важно е да одберете продукт што ќе ви годи вам.
Ако некој продукт му одговара на некого, не значи дека ќе биде погоден и за вас.
Штом забележите дека антиперспирантот не е ефикасен, заменете го со нов.
Носите тесна облека од синтетика
Без разлика каков антиперспирант ќе ставите, нема да биде многу ефикасен ако облечете тесна облека, и тоа од синтетика.
Во лето носете лесна и поширока облека од природни материјали, која ќе ѝ дозволи на кожата да дише.
На овој начин и самиот антиперспирант ќе биде поефикасен.

Го нанесувате неколкупати по ред
Веќе спомнавме дека кожата под пазувите мора да биде чиста. Па ако го нанесувате антиперспирантот неколкупати во денот, значи дека го ставате и на нечиста кожа.
Ова може да создаде иритација на кожата, но и секако ќе се јави непријатен мирис.
Во ред е да ставите повеќепати во текот на денот, но осигурете се дека секој пат ќе ги исчистите пазувите.
Не правите пилинг под пазувите
И под пазувите се акумулираат мртви кожни клетки кои, пак, можат да предизвикаат непријатен мирис.
Еднаш неделно правете нежен пилинг под пазувите, но немојте да ја триете кожата многу силно бидејќи во овој дел е почувствителна.
Спирова С. | Црнобело