Пет застарени трендови за маникир кои изгледаат кич
Многу кристали и неонски бои – трендови за маникир кои некогаш беа хит, но сега изгледаат застарено, па и евтино.

Трендовите за маникир се менуваат можеби и побрзо од другите трендови, но некои сепак доминираат со години.
Обично минливи се трендовите кои се нападни, непрактични и кои е тешко да се искомбинираат со облека.
Секако, за вкусови не се дискутира, но некои трендови за маникир, од денешна перспектива изгледаат навистина лошо.
Пет застарени трендови кои е подобро да ги избегнувате:
Нокти со многу кристали
Иако трендовите од 2000-тите се враќаат, ноктите украсени со многу кристали и слични декорации сепак се избегнуваат бидејќи делуваат нападно и кич.
Ако сакате нешто светкаво, подобро украсете само еден нокт или на секој нокт ставете по еден мал кристал.

Многу долги и остри нокти
Многу долгите и остри нокти не се најпрактични, па ретки беа оние кои се одлучуваа за ваков маникир.
Сега нивната популарност се намалува уште повеќе и предност им се дава на пократките нокти.

Неонски бои
Пред 10-тина години, неонските бои беа вистински хит. Стануваат популарни и периодов, но не и за маникир.
Неонските нокти се премногу нападни, а и предизвик е да ги искомбинирате со облека.

Геометриски форми со многу бои
Суптилните геометриски дезени можат да изгледаат добро, но само ако не се направени со многу бои.
Дезените во форми и неколку бои делуваа дури и евтино.
Ако сакате ваков маникир, многу подобро изгледаат минималистички дезени со една боја, на нокти со неутрална боја.

Транспарентен француски маникир
Проѕирниот француски маникир беше популарен, но е тренд што брзо изумре.
Изглед малку чудно, а и ваквите нокти бараат многу одржување и не се најпрактични.

Спирова С. | Црнобело