Трендови за убавина со кои ќе треба да се збогувате во 2026-та (и немојте да жалите за тоа)
Ако не можете (или не сакате) да се откажете од хајлајтерот, бидете многу умерени кога го нанесувате, нека биде скоро незабележително - и никогаш не го ставајте на лицето преку ден. Кои други мејкап трендови треба да ги оставите во 2025?

Трендовите понекогаш се менуваат со брзина на светлината, особено кај шминката и фризурите.
Има и такви кои траат со години, но по толку долго време и тие ја напуштаат мејкап „сцената“.
Кои се трендовите кои треба да ги оставите во 2025-та и да не ви е жал поради тоа?
Премногу хајлајтер
Хајлајтерот навистина му дава свежина на лицето, но наместо досегашните совети, каде што треба да го ставите и на носот и на јаболчиците, и покрај очите, стилистите велат дека треба да го исфрлите од својата мејкап рутина.
Ако, пак, не можете (или не сакате) да се откажете од него, тогаш бидете многу умерени кога го нанесувате, и тоа нека биде скоро незабележително.
И уште нешто - ставајте го за вечерни излегувања, но не и кога се шминкате преку ден.

Совршен тен на кожата
Во 2026-та совршената подлога за шминкање и лице без ниедна аномалија ќе бидат соодветни само ако треба да застанете пред камера.
Тешката пудра и совршените линии добиени со контурирање на лицето се дел од минатото.
Заменете ги со лесна пудра која не мора да е совршено покривна, зашто е во тренд да се видат вашите недостатоци, мало црвенило, мозолчиња, пеги...

Голем број различни креми за нега на лицето
Експертите препорачуваат „упростување“ на дневната рутина за нега на лицето.
Па наместо да користите тоник, па серум, по ова да ставите крема и уште некој препарат на кожата, подобро е да изберете 1 производ кој во себе ќе содржи состојки кои му одговараат на вашето лице и тип на кожа.
Со ова, не само што заштедувате време, туку и пари за десетина различни козметички производи.

Рамни вештачки трепки
Иако се долги и му даваат структура на окото, овие трепки сепак изгледаат - вештачки.
Наместо тоа, изберете вештачки трепки кои ја следат линијата на окото и на вашите природни трепки - пократки на рабовите од окото, подолги на средината.

Совршена линија на веѓите
Природните веѓи ќе бидат доминантен тренд во 2026-та година.
Влакненцата што стрчат не треба да се проблем, напротив, пожелно е веѓите да не се совршени.
Рамната линија и веѓи кои како да се нацртани со моливче се аут.

А. Ј. | Црнобело