Идеи за маникир со кои ќе оставите впечаток во април 2026 - Што е модерно, а што демоде?
Класичниот француски маникир заменете го со француски маникир со животински мотиви. Кои други трендови за нокти ќе бидат ин во април 2026?

Постојаното бркање трендови понекогаш ќе ве остави без идеја, дури и кога треба да го смените вашиот маникир.
А ако на почетокот на април сакате да оставите впечаток со стилот и изгледот (кој ги вклучува и ноктите), тогаш можете да изберете една од овие идеи, по препорака на искусните експерти за нокти.

Што е демоде, а што ќе биде во тренд во април 2026?
Француски маникир со животински мотиви
Ако сте љубител на францускиот маникир, месецов класичниот изглед со бела боја заменете го со посмела варијанта - животински принт.
Опциите се или сите нокти да бидат со француски маникир со животински принт или неколку нокти да се со класичен француски маникир (со животински мотиви), а останатите нокти да бидат целите со животински принт.



Точки на цели нокти или француски маникир
Овој месец еднобојните нокти се демоде, особено црвената или бојата на вино.
Но, ако ви е омилена, можете да ги излакирате ноктите во стилот на француски маникир со црвена боја и да ги украсите со ситни точки.
Другата тренди опција е да ги украсите целите нокти со ситни точки, без оглед на бојата во која ќе ви биде основата или точките.




