Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајте мократа коса“
Што се однесува до шминкањето, и тоа е сосема поинакво во лето. Заборавете на тешките пудри и маски на лицето бидејќи е важно кожата да дише.
Фокусот е на свеж, сочен изглед со прецизно нагласени детали како контурирани, дефинирани усни.
За да не ви се „растопи“ шминката, заменете ја пудрата со тинт (тонирана крема) за лице - тешката пудра преку ден е најголемиот летен непријател, особено на високи температури. Тинтовите со лесна текстура го изедначуваат на тенот, а кожата изгледа природно.

Бирајте кремасти производи - кремасти руменила и бронзери кои се топат со кожата, давајќи ѝ прекрасен, природен сјај.
За очите задолжително користете водоотпорни маскари и моливчиња за очи за да избегнете ефект на „панда“ поради потењето.
Користете течни, мултифункционални тинтови кои одлично функционираат и како сенка за очи и како руменило на образите.

Како и секое лето, минимализмот е базата, но оваа сезона има неколку хит додатоци кои владеат на социјалните мрежи, пред сè шминка за љубителите на бои која се состои од интензивни и пастелни бои на очите и руменилото, искомбинирана со нежен и проѕирен тен.
Во тренд се и контурирани „замаглени“ усни наместо строги, остри линии.
Моливот за усни треба да е во потемна нијанса (инспирирано од 90-тите), но со убаво изблендирани, меки рабови и пополнети со лесен сјај во средината за сочен, волуменозен ефект.

Големата дилема е дали пудрите со SPF штитат барем малку. Краткиот одговор е - недоволно за сериозно изложување на сонце!
Точно е дека секој слој на лицето (па дури и обична пудра без фактор) прави минимална физичка бариера меѓу кожата и надворешниот свет (како прашина и честички), но тоа нема да ве спаси од УВ зраците и предвременото стареење.
Златно правило е дека пред директно да се изложите на сонце, задолжително треба да ставите SPF заштита.
Најпаметно решение за летото е да користите подлоги, коректори и тинтови за лице кои веќе имаат во составот заштитен фактор.

А што треба да заборавите ова лето?
Тежок прав, камена пудра и пудра во прав. Премногу пудра на +40 ќе се вовлече во секоја линија, освен ако тоа не го прави професионалец.
Избегнувајте и темни и тешки мат кармини, кои ги сушат усните и изгледаат премногу грубо за лежерните летни денови.
Не се препорачливи ни премногу темни нијанси на очи - црниот тежок туш брзо се размачкува, па изберете помеки кафени или бронзени тонови кои даваат посвеж изглед.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело