10 Неверојатни совети за разубавување со помош на стапчиња за уши

Стапчињата за уши имаат многу поширока употреба, а сигурно не знаевте дека со нивна помош можете да нанесете шминка или да ја избришете...

10-neverojatni-soveti-za-razubavuvanje-so-pomos-na-stapcinja-za-usi-1-

Овие 10 неверојатни совети ќе ви го олеснат секојдневното разубавување и ќе ви заштедат време.

Дознајте за што сѐ можете да ги искористите стапчињата за уши:

1. Сокријте го израстокот. Стапчето за уши натапкајте го во сенката за очи која одговара за вашата боја на коса и поминете преку израстокот.

2. Нанесете паста за избелување на заби. Направете паста за избелување на заби, така што ќе помешате малку обична паста, сода бикарбона и хидроген пероксид. Добиената смеса со помош на стапчиња за уши нанесете ја на забите. Почекајте неколку минути, па измијте ги на вообичаен начин.

3. Нашминкајте ги очите. Ако си ја изгубивте омилената четка за нанесување на шминка, искористете ги овие стапчиња. Исто така, со нивна помош можете да ја избришете и маскарата, доколку при нанесувањето некаде сте згрешиле.

4. Мини сенка. Нанесете сенка на краевите од стапчињата и замотајте ги во пластична кесичка. На овој начин ќе имате доволно сенка за да си ја поправите шминката доколку одите некаде на забава после работа, па така не морате да ја носите целата козметика со вас.

5. Нагласете ги усните. Нанесете малку светла пудра на стапчињата и со нив поминете по усните. На овој начин карминот или сјајот ќе биде подолготраен и нема да се размачкува.

6. Парфем. На стапчињата нанесете малку од вашиот омилен парфем, па исто како и кај сенката, сместете ги во пластична кеса. Во текот на денот, кога ќе посакате малку да се освежите, извадете го стапчето од кесата и поминете преку вратот, зглобовите, зад ушите...

10-neverojatni-soveti-za-razubavuvanje-so-pomos-na-stapcinja-za-usi-2

7. Отстранете го вишокот лак. Ако ви се случи да се измачкате околу ноктите во текот на нанесувањето лак, отстранете го со помош на стапче за уши на кое претходно сте нанеле малку ацетон.

8. Навиткајте ги трепките. За почеток нанесете 2 слоја на маскара. Додека маскарата е уште влажна, горниот дел од трепките притиснете го со помош на стапчиња за уши. Држете го така додека маскарата не се исуши со цел да добиете совршено навиткани трепки.

9. Нанесете лепило на вештачките трепки. Ако сакате што попрецизно да нанесете лепило на вештачките трепки, направете го тоа со помош на стапче за уши.

10. Густи трепки. Пред да нанесете маскара, на стапчето нанесете малку детска пудра и поминете по трепките. Потоа на вообичаен начин нанесете си маскара и ќе добиете густи и долги трепки. 

Би можело да ве интересира:

Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава