5 Најдобри маски за цврсти и убави нокти

Ноктите укажуваат на личност која се грижи за себе, без разлика дали сте девојка или момче, па затоа секогаш треба да внимавате на нив доколку сакате да изгледате педантно и средено.

5-najdobri-maski-za-ubavi-i-cvrsti-nokti-1

 Ако постојано ви се кршат или имаат неприродна боја, ова се 5те најдобри маски кои ќе ги направат цврсти и убави за краток период.

Маска од сол и јод

Измешајте лажица сол со неколку капки јод и втривајте ја смесата на ноктите секој ден, неколку пати дневно за зајакнување на ноктите.


Маска од мед и лимон

Доколку имате нокти кои лесно се кршат, измешајте малку мед и сок од лимон, втривајте на ноктите секој ден и оставете да отстои половина час.


Маска од црвена мелена пиперка

Помешајте половина лажица црвена мелена пиперка со неколку лажици вода и втривајте на ноктите откако ќе ги измиете рацете навечер. Потоа ставете ракавици и оставете да делува цела ноќ за растење на ноктите преку ноќ.


Маска од какао и кокос

Помешајте лажица мед, масло од какао и масло од кокос за нокти кои често се лупат и оставете да делува цела ноќ. Ноктите ќе добијат природна боја и нема да се лупат.


Маска од лимон

Најпознатата маска за нокти која ги избелува е маската од лимон. Исцедете еден лимон во сад, а потоа оставете ги ноктите да отстојат во него околу 5 - 10 минути.

Наместо сок од лимон, понекогаш може да ја искористите и внатрешноста на лимонот за нивно триење кое делува исто како маската.

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...

Најчитани неделава