За љубителите на темниот лак: Неколку трикови кои мора да ги совладате

Исто како и со облеката, во поладните денови носиме потемна шминка, па и лакови за нокти.

za-ljubitelite-na-temniot-lak-nekolku-trikovi-koi-mora-da-gi-sovladate-01

Сепак, со оглед на големиот контраст кој се создава во однос на бојата на кожата и за ноктите да не ви изгледаат неуредно и непривлечно, неопходно е нанесувањето на лакот да го доведете до совршенство.

Ова се триковите кои мора да ги совладате пред да нанесете лак во некоја од потемните нијанси:

1. Мека подлога

Пред да нанесете темен лак, најпрво мора добро да ги исполирате ноктите. Овие лакови дополнително ги истакнуваат сите несовршености, па нерамнините ќе бидат уште повидливи. За да го избегнете ова, израмнете ги ноктите со посебна мека турпија.


2. Неопходна база

Никако немојте да ги лакирате ноктите пред да нанесете проѕирен лак. Тој ќе го спречи создавањето на дамки кои понекогаш остануваат од темните лакови.


3. Вазелин за прецизност

За да спречите нанесување на лак околу кожата на ноктите, на нив ставете малку вазелин. По лакирање на ноктите лесно може да го отстраните така што ќе ги избришете ноктите со сув пешкир. Ова правило особено се однесува на оние девојки со посветол тен затоа што ваквите грешки се многу повидливи отколку на оние со потемен.


4. Тенки слоеви

Темните лакови многу побавно се сушат од оние во посветли бои. Затоа, задолжително нанесувајте тенки слоеви лак за вечно да не го чекате да се исуши.


5. Top coat

Освен што побавно се сушат, темните лакови и многу побрзо се лупат. За да ја спречите ваквата катастрофа, не заборавајте да нанесете top coat кој дополнително ќе го зацврсти лакот, но и ќе го забрза неговото сушење. Тоа може да биде обичен проѕирен лак или специјално купен за оваа намена.


6. Покривање несовршености

Доколку лакот сепак се излупи, немојте да нанесувате нов слој затоа што резултатот ќе биде неуреден изглед. Наместо тоа, на излупениот дел нанесете само точка лак и почекајте сам да се разлее. Кога ќе се исуши нанесете top coat.


7. Отстранување на лакот

Пред да го отстраните темниот лак од ноктите, на рацете измасирајте малку маслиново масло. Овој трик спречува создавање дамки од темниот лак на вашата кожа.


8. Дополнително чистење

Доколку ви останат траги од страните и после отстранување на лаковите, пикнете чиста четка за маскара во ацетон и нежно отстранете ги остатоците. Исто така, може да пробате и со стара четка за заби, но резултатот можеби нема да биде подеднакво ефикасен.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...
10 предлози за педикир кои се тренд во лето 2025 Од француски педикир со флуросцентни бои, до леопардски дезени, но и едноставни ...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
Дадар советува: Како да се нашминкате за на работа и да ги скриете подочниците? (видео) „Не заборавајте пудрата да ја 'спуштите' и на вратот - многу жени забораваат да ...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Нокти кои потсетуваат на љубов - 40 идеи за маникир за Свети Валентин (фото) Денот на вљубените е совршено време за нокти со тема љубов - време е за црвени л...

Најчитани неделава