Познати дами кои „ослабеа“ со липосукција

Липосукцијата е метода во естетската хирургија, со која трајно се отстранува вишокот масно ткиво од одредени подрачја на телото. Претставува една од омилените интервенции на ѕвездите, иако ретко ги признаваат направените корекции.

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-1.png

Правилната исхрана и редовните вежби некогаш не се од помош за ослободување од целулитот, или, пак, опуштениот стомак. Од друга страна, шоу бизнисот диктира строги правила, според кои славните фаци мора да изгледаат совршено, како во вечерни тоалети, така и во костими за капење.

Затоа и неретко им се обраќаат на пластичните хирурзи – за липосукција. Стомакот, бедрата, бутовите, рацете и подбрадокот се деловите кои најчесто се третираат.

Меѓутоа, само малку ѕвезди се расположени јавно да проговорат за докторските интервенции. А, корекциите се евидентни.

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-2.jpg

Ова се дел од познатите дами кои „ослабеа“ со липосукција:

Ким Кардашијан

Околу фигурата на старлетата постојат мноштво гласини и претпоставки. Ким Кардашијан негира дека некогаш побарала помош од пластичен хирург.

Нејзиниот поранешен сопруг Дејмон Томас, пак, изјави дека ги чува документите, чековите и отпусните листи од болници, кои потврдуваат дека ѕвездата на реалното шоу – несомнено оди на липосукција. На кого му верувате повеќе?

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-3.png

Бритни Спирс

Поп принцезата имаше мошне тежок период во животот, кој не само што остави трага на нејзиното ментално здравје, туку влијаеше и на изгледот на пејачката. По рехабилитацијата, Бритни Спирс одново се врати на здравата исхрана, танцот и спортот.

Наспроти постигнатите резултати, таа и понатаму не била задоволна. Затоа и се реши за радикални мерки – одејќи под нож. Сега е убава, витка и среќна во сопствената кожа, па се чини дека липосукцијата беше вистинската одлука за неа.

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-4.png

Џесика Алба

По втората бременост, убавицата повеќепати се пожали во интервјуата, признавајќи дека никако не може да се ослободи од опуштениот стомак.

За да ја поврати старата форма после породувањето, Џесика Алба направи ласерска липосукција, ама не ги напушти ниту тренинзите. Како резултат на тоа, денес глумицата повторно изгледа занесно.

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-5.png

Мараја Кери

Недолго по раѓањето близнаци, поп дивата се појави на сцената во топ форма. Мараја Кери предизвика лавина од шпекулации со драматичната промена на телото.

Додека многумина се прашуваа како е возможно да ги симне килограмите за толку кратко време, пластичните хирурзи одговорија дека всушност станува збор за липосукција.

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-6.png

Лили Ален

Музичарката е една од ретките ѕвезди, која отворено потврди дека за нејзиниот стомак е заслужен пластичен хирург. Сепак, после операцијата, Лили Ален не се вратила на вообичаениот начин на живот, туку почнала да се занимава со спорт, како и да јаде исклучиво здрава и нискокалорична храна.

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-7.png

Кортни Лав

Aко се споредат фотографиите во бикини од различни години, воочливо е дека на нејзиното тело го нема вишокот кожа. Кортни Лав драстично ја намали тежината. Пејачката вели дека „сѐ си отишло“ – прашање е само каде.

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-8.png

Кеша

Таа внимателно ги криеше трагите од липосукцијата, тврдејќи дека изгубила на тежина, благодарение на секојдневното вежбање. Меѓутоа, се издаде на црвениот тепих.

Кеша се појави во мини фустан, којшто не ѝ ги покриваше хоризонталните лузни на колковите. Тогаш се откри вистината за операцијата.

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-9.png

Клое Кардашијан

За уште една членка на фамозниот семеен клан, редовно се водат полемики околу магичната формула со која го преобликуваше своето тело. Клое Кардашијан се колне дека вежба петпати неделно.

Пластичните хирурзи, пак, речиси сигурни се и дека нивни колеги замешале прсти. Старлетата наводно има направено липосукција на половината, стомакот и нозете.

poznati-dami-koi-oslabea-so-liposukcija-10.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
„Испробав 5 популарни трикови за исполнети усни без филери – што функционира, а што не?“ „Беше тешко да ја чувам мешавината од чили во прав и маслиново масло на усните о...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
13 фото-докази дека и светските ѕвезди немаат совршено лице и тело (и не се срамат од тоа) Актерката Рејчел Мек Адамс нема рамен стомак, но не се ни труди да го вовлече за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg