Мајка на 3 деца симна 50 килограми и го покажа телото со стрии и целулит
„Страв ми беше дека луѓето ќе мислат дека сум одвратна, но одлучив да ги покажам моите лузни на стомакот и целулит на задникот и почнав да гледам позитивно на животот.“

Сара Никол Лондри (34) од Онтарио е мајка на 3 деца која прикажа како изгледа нејзиното тело со стрии и целулит по губење на килограмите од бременоста.


Таа вели дека не се срами од изгледот на нејзиниот стомак, задник и нозе и сака сите жени да ги охрабри да го сакаат своето тело, без разлика како изгледа тоа.

До 25-годишна возраст добила 3 деца и оттогаш се бори со килограмите, но и кога успеала да ослабе последиците на нејзиното тело останале.
На почетокот вели дека ѝ било навистина тешко, но потоа одлучила да биде посамоуверена и времето да го минува во забава со децата, наместо во очајување зошто не изгледа совршено.
Фотографии од нејзиното тело:










С. С. | Црнобело