Која убавица ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2025? Мајка ѝ беше Мис на Македонија во 1996-та
„Со гордост ја претставуваме Иман Тотич, нашата претставничка на Miss Universe 2025. Овој ноември, таа ќе ја носи Македонија на светската сцена во Тајланд“, гласи информацијата за убавицата која ги наследи гените од мајка си Александра Петровска, Мис на Македонија од 1996-та.

Годинава натпреварувањето Miss Universe 2025, ќе се одржи во Тајланд.
Ова е 74‑то издание на натпреварот, а финалето е планирано за 21 ноември 2025 година.

Македонија ќе ја претставува мисицата Иман Тотич, ќерка на Александра Петровска, која беше прогласена за Мис на Македонија во 1996 година.
Лево (Александра Петровска денес), средина (Александра и Иман), десно (Иман)
Александра Петровска во времето на кариерата како модел
На официјалниот Инстаграм профил Miss North Macedonia денес објавија:
„Со гордост ја претставуваме Иман Тотич, нашата претставничка на Miss Universe 2025!
Овој ноември, таа ќе ја носи Македонија на светската сцена во Тајланд, со став, шарм и срце полно љубов кон својата земја.
Следете го нејзиното патување кон круната и споделете ја гордоста со нас!“





С. С. | Црнобело