Идеи за празничен маникир ако сакате да ја избегнете црвената боја
Исто како црвената, и зелената боја потсетува на Нова година, сепак, тоа е бојата на празничната елка. Затоа оваа сезона можете да направите еднобоен маникир со металик сјај и малку светки.

Празниците се идеално време за малку сјај и светки - во гардеробата, шминката, но и во изборот на маникир.
За сите што не сакаат класични црвени нокти во новогодишниот период, ова се неколку поинакви предлози, кои се сепак блескави и во празничен стил.
Златен металик сјај
Основа во боја на кожа (nude) дополнета со златен лак кој се прелева од средината на ноктот кон врвот.


Елегантно сребро
Зошто да не ги обоите ноктите само во една боја и тоа металик сребрена? Овој маникир е и впечатлив и елегантен.

Млечно бело + сино
Основата на ноктот нека биде во млечно бела боја, а за израснатиот дел изберете небесно сина со светки. Овој маникир можете да го дополните со ѕвездички или снегулки.
Или да направите комбинација од син и бел лак, а боите да се прелеваат.


Металик зелена со длабоки тонови
Исто како црвената, и зелената боја потсетува на Нова година - бојата на празничната елка.
Но, оваа година можете да изберете еднобоен маникир со металик сјај и малку светки.

Чоколадна рапсодија
Кафеава боја која асоцира на чоколадо е вистински хит оваа празнична сезона, без оглед дали е металик или мат.


Темни нијанси на слива и капина
Боите на зрела слива или капина се уште еден хит во овој период - само треба добро да ги искомбинирате - со бебешко розова, на пример.


А. Ј. | Црнобело