5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време

Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или некоја пастелна нијанса ако сте подготвени за експериментирање.

5-trendi-boi-na-kosa-koi-se-idealni-za-postudeno-vreme-01.jpg

Ако сакате да го освежите изгледот без да ја кратите косата, секогаш можете да ја промените бојата.

Периодов доминираат посветлите нијанси, но за посмелите, хит се и пастелните бои.

Пет бои идеали за постудено време:

Руса со студени тонови

Класичната руса коса никогаш не излегува од мода, но ако сакате малку да ја освежите, можете да ја шатирате со постудени тонови.

Оваа нијанса е идеална ако имате многу светла кожа, како и светли очи бидејќи ја нагласува природната убавина.

5-trendi-boi-na-kosa-koi-se-idealni-za-postudeno-vreme-02.JPG

Руса со топли тонови

Од друга страна, исто популарна е русата коса со топли тонови која изгледа поприродно.

Ќе ви стои добро без разлика дали имате потемен или посветол тен, а многу добро ги истакнува кафеавите и зелените очи.

5-trendi-boi-na-kosa-koi-se-idealni-za-postudeno-vreme-03.JPG

Пастелни нијанси

Доколу сте подготвени за нешто посмело, тогаш дајте ѝ шанса на некоја пастелна нијанса, како боја на лаванда.

Ваквите нијанси избледуваат побрзо, па со текот на времето изгледаат и подобро.

5-trendi-boi-na-kosa-koi-se-idealni-za-postudeno-vreme-4.JPG

Нагласена природна боја на косата

Ако не сакате драстична промена, тогаш можете да ја нијансирате вашата природна боја со малку посветли прамени.

5-trendi-boi-na-kosa-koi-se-idealni-za-postudeno-vreme-05.JPG

Светла руса со темни корени

Ако природната боја ви е потемна и не сакате секој месец да се фарбате, ова е идеалната фризура за вас.

Ова е всушност вид омбре каде што природната боја постепено се прелева во руса нијанса.

5-trendi-boi-na-kosa-koi-se-idealni-za-postudeno-vreme-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава