„Се скаравме со сопругот и тој тајно направил ужасна фотографија од мене...“

„По раѓањето на едно од моите деца по 14 часа болки некој ми препорача коректор за подочниците, без да побарам...“

se-skaravme-so-soprugot-i-toj-tajno-napravil-uzhasna-fotografija-od-mene-01.jpg

Лора Маза е мајка од Австралија која со нејзин личен пример сака да им порача на жените помалку да се обидуваат да поправат се што „не чини“ на нив.

Открива дека во една пригода кога се скарала со сопругот, тој ја сликал од зад грб во костим за капење, без нејзино знаење.

„Кога ја видов фотографијата во телефонот на маж ми му кажав – Што те натера да ме сликаш од таков агол? Станав свесна за маните на моето тело. Тоа направи да се чувствувам лошо во врска со себе.

se-skaravme-so-soprugot-i-toj-tajno-napravil-uzhasna-fotografija-od-mene-04.jpg

Исто така ме растажуваше кога по раѓањето на едно од моите деца по 14 часа болки и неспиени ноќи некој ќе ми препорачаше на своја иницијатива коректор за подочниците или ќе извадеше од ракавот трикови како да ослабам“, вели Лора и додава дека овие совети што си ги даваат жените посочуваат на нивното верување дека тие не можат да бидат среќни освен ако не изгледаат „совршено“.

Таа открива дека ужасно ја нервира кога некоја пријателка ќе ѝ каже дека некој фустан би ѝ стоел подобро ако облече мидер под него.

se-skaravme-so-soprugot-i-toj-tajno-napravil-uzhasna-fotografija-od-mene-02.jpg

„Не ги обвинувам овие жени. Не сум им лута. Така нè научи општеството и притисокот врз нас дека не сме доволно упорни, дека не вежбаме доволно за да се вратиме во форма веднаш по породувањето.

Но, менувањето на телото е дел од процесот на стареење, особено кога имате деца и доста ги тероризиравте мајките, зошто им се променило телото. Тука нема ништо срамно“, порачува Лора и вели дека во животот најмногу треба да мислите на љубовта кон себе.

se-skaravme-so-soprugot-i-toj-tajno-napravil-uzhasna-fotografija-od-mene-06.jpg

se-skaravme-so-soprugot-i-toj-tajno-napravil-uzhasna-fotografija-od-mene-05.jpg

se-skaravme-so-soprugot-i-toj-tajno-napravil-uzhasna-fotografija-od-mene-03.png

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Седум дена користев оризова вода за лицето – Што се случи со мојата кожа?“ Оризовата вода, која се прави мошне лесно, периодов е хит на ТикТок како продукт...
5 трикови за шминка и убавина кои ќе ви заштедат време (и пари) Понекогаш шминкањето одзема многу време, а и сите производите не се евтини. Но, ...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
Шатуш – тренд за боење на косата, наменет за сите што сакаат природен изглед По омбре и балајаж, во тренд е нова техника на боење на косата – наречена шатуш,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg