Каква е навистина косата на Аријана Гранде?

Првата, втората, третата, или, пак, можеби четвртата слика? Како мислите дека реално изгледа познатата пејачка во моментот?

kakva-e-navistina-kosata-na-arijana-grande-1.png

Подгответе се да бидете изненадени, затоа што ниту еден од понудените одговори не е точен. Популарната музичка ѕвезда конечно ја покажа природната коса, откривајќи им на многубројните следбеници на Твитер како таа навистина изгледа.

kakva-e-navistina-kosata-na-arijana-grande-2.jpg

Аријана Гранде цело време носи перики и екстензии, бидејќи со пречестото фарбање го има оштетено влакното уште од рана возраст, кога како девојче глумеше во детската серија што ја прослави. Сите фризури со кои денес се појавува се всушност лажни.

kakva-e-navistina-kosata-na-arijana-grande-3.jpg

Популарната пејачка најпрво сподели фотографија од себеси на петгодишна возраст, признавајќи дека дваесет години подоцна, таа изгледа идентично кога ќе го извади препознатливото коњско опавче. Поточно, со кратка и кадрава темна коса.

Нејзините фанови беа љубопитни да ја видат во право светло, па инсистираа да им се прикаже каква е во сегашноста. И, на изненадување на сите, таа постираше видео со кое ја разреши мистеријата. Како ви се допаѓа во ова издание?

/video/1

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Трендови за маникир што доминираат периодов (и три што веќе застаруваат) Путер жолтиот маникир веќе застарува, но затоа, пак, топлите нијанси на кафе ил ...
Новиот хит за маникир во лето 2025 – реалистично пресликани лушпи од овошје (фото) Изгледа е време да се збогувате со нацртаните плодови од црешки и лубеници и да ...
Темни дамки, подочници, несовршености - Славни дами кои покажаа како изгледаат без грам шминка (фото... Навикнати сме да ги гледаме познатите дами со шминка, беспрекорен тен, совршени ...

Најчитани неделава