7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа)
Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отстранување на сите влакненца, криење на стрии - стандарди за убавина кои веќе не мора да ги почитувате бидејќи стануваат недостижни и напорни за менталното здравје.

Стандардите за убавина се променија многу низ годините, а со тек на време, некои од нив како да стануваат недостижни.
Иако многу жени се средуваат за себе, а не заради стандардите, сепак други сакаат повеќе да бидат природни.
Во време кога владеат филтрите и нереалната убавина и кога тоа почнува да влијае на менталното здравје, некои дами одлучуваат да го задржат природниот изглед и да ги охрабрат сите кои сакаат да го направат тоа.
Овие „правила“ за убавина е сосема во ред ако бидат оставени во минатото:
Појавување на настани со многу шминка
Во последно време, многу повеќе познати жени одлучуваат да се појават без гламурозна шминка на важни настани – и тоа го сметаат за личен избор, кој секој треба да го има.

Криење на стрии и лузни
Стриите и лузните се сосема нормални и не треба никој да се срами од нив, ниту да ги крие – многу познати личности дури и сакаат да ги нагласат бидејќи се дел од нивното тело и си ги сакаат.

Отстранување на сите влакненца на лицето
Не мора сите да имаат строго истенчени веѓи, ниту совршено нацртани, тетовирани или подигнати и издолжени.

