Кои се природните тајни за убавина на Турчинките?

Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено на очите, но и жени кои прават третмани за убавина со природни производи. Кои се тие?

koi-se-prirodnite-tajni-za-ubavina-na-turchinkite-001.jpg

Жените во Турција често се поврзуваат со тешка шминка и впечатлив изглед, но факт е дека тие преферираат природната нега на кожата, како што тоа го правеле жените многу генерации пред нив.

koi-se-prirodnite-tajni-za-ubavina-na-turchinkite-03.jpg

Често одат во амам (турска бања) и се подложуваат на ритуали за убавина засновани на докажани, природни рецепти.

И иако естетската медицина во земјата одамна е во подем, докажаните, природни препарати за убавина остануваат популарни.

koi-se-prirodnite-tajni-za-ubavina-na-turchinkite-05.jpg

Кои природни производи се дел од ритуалите за убавина на Турчинките?

Маслиново масло

Турчинките го обожаваат маслиновото масло, кое не е само состојка во нивната исхрана, туку и козметички производ.

Тие го користат за нега на тело и лице.

Маслиновото масло (особено екстра девственото) делува како природен, високо хранлив хидратант за кожата.

Содржи витамини А, Д, Е и К, како и бројни антиоксиданси, кои помагаат за длабинска хидратација на кожата, измазнување на брчките и смирување на иритациите.

Ова особено го користат жените кои имаат сува, зрела и многу чувствителна кожа, а го нанесуваат во мали количини.

koi-se-prirodnite-tajni-za-ubavina-na-turchinkite-09.jpg

Турски јогурт

Турскиот јогурт ги заменува маските за лице.

Тој во себе содржи хранливи состојки што ја смируваат кожата, го намалуваат црвенилото, а го подобрува и тенот.

Се нанесува на лицето, во подебел слој и се остава да се исуши, па лицето се мие со млака вода, а на крајот се става хидратантна крема.

koi-se-prirodnite-tajni-za-ubavina-na-turchinkite-07.jpg

Пилингот е задолжителен

Турчинките редовно прават ексфолијација на лицето и телото (дома или во салон за убавина), која помага во ослободување на кожата од токсини и мртви клетки, ја подобрува циркулацијата и ѝ дава здрав тен.

Пилингот може да е направен дома, а една варијанта е шеќер помешан со мед, кој се меша и потоа се трие врз телото или лицето.   

koi-se-prirodnite-tajni-za-ubavina-na-turchinkite-08.jpg

Вода од роза

Турчинките сметаат дека а вода од роза игра клучна улога за убавината.

Тие ја користат како природен тоник што хидрира, ги смирува иритациите и го враќа сјајот на кожата или како освежителен спреј.

Розовата вода има и други бројни ефекти врз кожата - тонира, го намалува црвенилото, лечи акни, го регулира лачењето на себум, ја враќа природната pH вредност, го забавува процесот на стареење и слично.

Ова е одличен избор ако имате сува и зрела кожа.

Но, водата од роза е многу нежна, па и жените со исклучително чувствителна кожа можат безбедно да ја користат.

koi-se-prirodnite-tajni-za-ubavina-na-turchinkite-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава