Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени
Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирисни ноти - доколку сте љубител на мирисот на костени, ванила и цимет, имаме предлози за парфеми со кои ќе мирисате на слатка есен.

Ако сте од оние кои ги менуваат парфемите со сезоната, тогаш време е да ги оставите во фиока овошните мирисни ноти.
Со почетокот на есента, на сцена доаѓаат есенските мириси, а ако сте љубител на цимет, костени, ванила, тогаш има парфеми кои ќе ви го задоволат вкусот.
Егзотични и смирувачки, а истовремено и топли ноти кои будат пријатно чувство – секако зависно во каква комбинација се.
Во продолжение неколку парфеми со мирис на есен – а вие одберете си фаворит:
REPLICA By the Fireplace – Maison Margiela
Мирисни ноти: розов бибер, цвет од портокал, каранфилче, костен, гуајаково дрво, смрека, ванила

Tom Ford Tobacco Vanille
Мирисни ноти: лист од тутун, зачини (цимет, каранфилче, ѓумбир, анасон), ванила, какао, сушено овошје, дрвенести ноти

Estée Lauder Cinnabar
Мирисни ноти: цвет од портокал, мандарина, цимет, каранфилче, јасмин, роза, крим, темјан, пачули, ванила, сандалово дрво

Christian Dior - Dolce Vita
Мирисни ноти: праска, кардамом, лимон, бергамот, роза, цимет, кајсија, бразилско розово дрво, магнолија, ванила, кокос

Kilian Angels’ Share
Мирисни ноти: коњак, цимет, буково дрво, ванила, тонка зрно

М. М. | Црнобело
