5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина
Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.

Италијанките сакаат да ја нагласат својата природна убавина, па обично избегнуваат многу нападна шминка.
Но, и тие имаат трикови со кои суптилно ги нагласуваат деловите што сакаат да ги истакнат, без тоа да изгледа „вештачки“.
Петте омилени мејкап трикови на Италијанките:
Зачадени очи
Ако сакате да ги истакнете очите, нема да погрешите со таканаречените „зачадени очи“.
Ова е шминка што изгледа добро без разлика каква боја на очи имате.
Користете мат сенки и дајте им предност на кафеавите нијанси кои делуваат потопло и поприродно.
Акцентирани трепки и веѓи
Ако не сакате многу шминка, некогаш доволно е самo да ги нагласите веѓите и трепките.
Доволно е да ставите минимална шминка, во комбинација со црна маскара, а веѓите само средете ги со гел и моливче.
BB крем наместо пудра
Италијанките сакаат да ја истакнат својата природна убавина, па затоа избегнуваат многу тешка шминка.
Во овој случај, BB кремот како замена за пудра е идеален.
Овие кремови имаат лесна текстура и се добри ако имате мрсна кожа, а се доволно за да ги покријат малите несовршености.
Притоа, крајниот резултат секогаш изгледа поприродно од пудра.
Бронзер за контурирање
Ако сте расположени за повеќе шминка, тогаш можете да го контурирате лицето со бронзер.
За поприроден изглед, ставете BB крем или само коректор за да го покриете црвенилото и подочниците.
Потоа нанесете малку бронзер на јаболчниците, слепоочниците и кравите од челото.
Осигурете се дека бронзерот не е премногу темен за вашата кожа и добро размачкајте го.
На овој начин ќе ги истакнете контурите на лицето, без да ставате многу шминка.
Црвен кармин
Ако сакате впечатлив изглед, но без многу шминка, тогаш нема да погрешите со црвен кармин.
Шминката на очите нека биде минимална – можете да ставите и само маскара.
Спирова С. | Црнобело