„Јас сум дебела жена и првпат облеков бикини, младите мажи најмногу ме исмејуваа“

„Ме исмеваа и групи на девојки, кои дури си довикуваа „Гледај ја дебелана жена!“.

jas-sum-debela-zhena-i-prvpat-oblekov-bikini-mladite-mazhi-najmnogu-me-ismejuvaa-01.jpg

Мери Оспина е жена за восхит. Таа и покрај вишокот на килограми собрала храброст за првпат да појде на плажа во бикини, наместо во едноделен костим за капење, и јавно ги пренесува впечатоците од искуството.

Нејзината исповед:

„Никогаш не сум носела бикини со низок струк, дури и кога бев најслаба во средно училиште. Мислев дека ќе направат да изгледам изложено и ранливо.

И покрај стравовите и несигурностите одлучив на плажа во Шпанија да појдам така. Имаше и позитивни и негативни реакции.

Изненадувачки е што најголемиот број негативни реакции доаѓаа од младите парови. Мажите секогаш први посочуваа кон мене и им шепотеа нешто на партнерките. Ме гледаа и ме исмејуваа.

Мислам дека жените немаше ниту да ме забележат, ако нивните партнери не ме посочија. Беа полни со предрасуди.

Од друга страна, постарите парови беа културни и ми даваа охрабрувачки погледи, што малку ми даде надеж дека луѓето ќе ја надраснат нетолеранцијата.

jas-sum-debela-zhena-i-prvpat-oblekov-bikini-mladite-mazhi-najmnogu-me-ismejuvaa-02.jpg

Знам дека постои некој вид на „фобија од дебелина“ кај некои луѓе, но кога го видов тоа на дело ме разочара комплетно и дефинитивно беше поразувачко искуство за мене.

Ме исмеваа и групи на девојки, кои дури си довикуваа „Гледај ја дебелана жена!“.

Но, меѓу нив постоеја и такви кои ми упатуваа насмевки кои кажуваа дека се срамат од однесувањето на своите другарки и беа солидарни со мене. Тоа е моќна работа, некако веднаш се поврзавме.

Сепак, гледајќи го целокупното искуство само малку луѓе имаа негативни реакции, другите си ја гледаа својата работа. Да не правев експеримент и да набљудував внимателно можеби дури и немаше да ги забележам негативците.

Сфатив дека и ние дебелите девојки треба да го носиме тоа што ни се допаѓа, без страв дека ќе бидеме осудени. Мора да престанеме да мислиме дека сме надвор од границите на нормалното, мора да ги прифатиме разликите и да ги научиме и другите да го сторат тоа.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 работи (во изгледот) од кои ниту една жена не треба да се срами Влакненца како „мов“ на брадата и надусниците е само една од работите за кои сов...
8 бон-тон правила за во лето со кои ќе изгледате како дама Не шетајте по бикини низ градот во којшто се на одмор и избегнувајте силни парфе...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Ѕвездите се опседнаа со трендот „Лице на богата жена“ – Кои се 4-те правила за ваков изглед? Еден од трендовите во козметиката кој стекна популарност благодарение на светски...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg