Направете си локни со цевки - Трикови за коса кои навистина функционираат

Денес лесно можете да најдете безброј трикови за вашата коса - како да ја измиете косата без шампон, како да направите фризура за неколку минути, како да направите локни без да ја изгорите косата…

trikovi-za-kosa-i-frizuri-shto-navistina-funkcioniraat-01.jpg

Проблемот е што во реалноста, повеќето трикови не се воопшто ефикасни.

Поради тоа, блогерката Маша Маева решила да ги тестира најпопуларните трикови за коса.

Во продолжение погледнете кои се навистина ефикасни:

Направете си локни со пластични цевки

Најпрво нанесете малку пена на целата коса. Потоа навиткајте ја косата со цевки и оставете ги преку ноќ.

Бидејќи ова е виткање без топлина, потребно е повеќе време за да го видите резултатот.

Спиењето со цевки нема да биде најудобно, но барем ќе добиете локни кои ќе траат околу една недела.

trikovi-za-kosa-i-frizuri-shto-navistina-funkcioniraat-02.jpg

Опавче со волумен

Сè што треба да направите е да ја соберете косата во опавче, а потоа прицврстете го со шнола како на фотографијата.

Навистина брз и ефикасен трик.

trikovi-za-kosa-i-frizuri-shto-navistina-funkcioniraat-03.jpg

Шишки без кратење на косата

Соберете ја косата во високо опавче. Извадете прамен од долниот дел на косата и сплетете го во плетенка.

Потоа протнете ја плетенката под опавчето, така што нејзиниот врв ќе бидат „шишките“.

trikovi-za-kosa-i-frizuri-shto-navistina-funkcioniraat-04.jpg

Освежете ја косата со бебешка пудра

Кога немате време за миење на косата, нанесете малку бебешка пудра на рацете и протријте ја низ скалпот.

Пудрата ќе ги впие маснотиите од косата и ќе направи да изгледа почисто.

Потоа, отстранете го вишокот пудра со четка за коса.

trikovi-za-kosa-i-frizuri-shto-navistina-funkcioniraat-05.jpg

Локни со дрвени стапчиња

За ова ќе ви послужат дрвени стапчиња за ражничи.

Навлажнете ја косата и завиткајте ја околу дрвените стапчиња (како на фотографијата).

Откако ќе ја извиткате целата коса, исушете ја со фен и отстранете ги стапчињата.

trikovi-za-kosa-i-frizuri-shto-navistina-funkcioniraat-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg